АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Земјиштето кај што се наоаѓаше поранешното подрачно одделение на УЈП ќе биде наменето во паркинг и јавно зеленило. Ваква иницијатива денес поднесе советникот Бојан Бојкоски од ВМРО-ДПМНЕ која беше изгласана на денешната седница на Совет.
„Поднесуваме иницијатива за пренамена на земјиштето за јавна употреба на паркинг простор со јавно зеленило, односно, тргнување на маркицата за изградба на повеќекатница таму и да се направи паркинг', рече Бојковски.
Местото кое се предвидува да биде паркинг, беше расчистено од страна на претходната локална власт во септември 2019 гоидна, од старите бараки на УЈП кои со години се распаѓаа, создавјќи депонија во центарот на Битола. Тогаш беше најавено дека местото ќе биде наменети за паркинг или за парк.
Започнаа активности за комплетно санирање на паркинг просторот пред Стоковната куќа Јавор, со кое сега стопанисува Јавното претпријатие за паркинзи.
Од денеска започнува наплатата на паркинг услугите на четирите затворени паркинзи во Битола: кај Јавор, Стара автобуска, Центар за култура и Спортска сала, информираат од јавното претпријатие за паркинзи.