2win800x200

Двата ски центри на Пелистер, Стрежево и Копанки соопштија дека  денеска, на задоволство на љубителите на белиот спорт, ги подготвија стазите за скијање. Снег има доволно и направени се последните подготовки.

-Во недела  (21.01.2024), Ски Центарот Копанки, ќе биде пуштен во функција.Сите љубители на скијањето, Ве очекуваме!Се гледаме на ски стазата, соопштија од Хотел Молика.

 

 И од ски центарот Стрежево кај Ниже поле информираат дека се е подготвено за скијање.
 
-Се прават последните подготовки пред стартот. Ноќеска имаме и нов снег, спремни за старт. Ќе се скија од 09.00 до 15.00 часот. Патот е чист благодарение на ,,Македонија пат" и нашата механизација.Ве очекуваме да скијаме, соопштија од ски центарот Стрежево

По 70 дена скијање, ЈП Стрежево утре, со гратис скијање,  ја затвора оваа скијачка сезона на  терените во  Нижеполе

 Од утре, петок, ски  центарот Нижеполе ќе ги пушти во употреба ски - лифтовите  од 10 до 14 часот за дневно скијање,додека официјалниот почеток на сезоната ќе биде  од 19 часот до 22.00 часот со ноќно скијање.

Момче се повредило при скијање денес на Пелистер и со Брза помош било пренесено во Клиничката болница во Битола. Повредениот е наш иселеник во Америка кој бил дојден на гости и денес скијал на Пелистер.

Од Битолската болница за Апла.мк потврдија дека младо момче било донесено со скрешеница на ногата добиена при пад од скијање.

„Пациентот е згрижен, извршени се рендген прегледи, дадена му е целосна медицинска помош. Извршени се и други прегледи и не е констатиран друг проблем во однос на здравјето“, соопшти Сузана Конеска, портпарол на Клиничка болница Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани