2win800x200

Започна новата градежна сезона во Битола

Февруари 22, 2022
Со работни активности на улицата „Македонска фаланга“, започна новата градежна сезона во Битола. Со инфраструктурните зафати предвидена е промена на канализационата мрежа на улицата, решавање на проблемот со атмосферските води, асфалтирање, поплочување на тротоарите со гранитни плочки и ново улично осветлување. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 17.338.027 денари.
На вториот дел од улицата „Солунска“, во тек е промена на канализационата мрежа, а ќе следува и промена на водоводната мрежа и асфалтирање на улицата, до комплетно завршување на проектот.
Увид на динамиката на градежните работи на двете локации,  изврши градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски.
May be an image of outdoors
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани