2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Ем недостигаат пожарникари, ем некои имаат невалидни дипломи

Мај 26, 2018

Во Македонија недостигаат 750 пожарникари, а дел од постоечките пожарникари и други кои очекуваат да бидат ангажирани имаат невалидни дипломи, велат од Центарот за обука на професионални пожарникари „Пегаз Еду“ од Битола.

 

„Се јавува една девијантна работа. Одредени институции, центри, работнички универзитети издаваат некакви си уверенија, дипломи без никаква програма. Ги обучуваат луѓето по три-четири часа, им наплатуваат за тоа и им издаваат неверификувани документи. Таа диплома е без верификувана програма. Очекуваме Министерството за образование да си ангажира свои лица да ја испитаат работата“, рече Сашо Атанасовски, претседател на „Пегаз Еду“ од Битола.

„Пегаз Еду“ ја започна обуката за третата генерација на професионални пожарникари. Програмата е верификувана во Бирото за образование на возрасни лица и со акредитација од Министерството за образование и наука. Ова е единствена образовна институција со верифицирана програма за обука на професионални пожарникари во Македонија. Низ овој Центар досега се обучиле 40 тина професионални пожарникари, а сега уште десетина лица. Нив во следите четири месеци ќе ги обучуваат експерти и професори. dssd

(Коста Поповски, Методија Солунчевски и Сашо Атанасовски, експерти вклучени во обуката)  

„Дефицитот за оваа обука во Македонија е огромен. Во 2003 година ние почнавме со обука, а последните обуки претходно беа во 1994 година. На територијата на Македонија недостигаат околу 750 пожарникари, но неопходно е нивната обука да биде професионална и спроведена според законските одредби, рече Коста Поповски, магистер по заштита на пожари, координатор во обуката.

Експертите велат дека во Македонија има потреба од едуцирање на пожарникарски кадар и тоа треба да го препознае државата да ангажира компетентни кадри во противпожарните единици.

„Во 2017 година во мојата најнова книга имав истражување дека околу 1550 места во 30 противпожарни единици во земјава, половината не се пополнети. А голем дел не се соодветно пополнети,“ рече професорот по заштита од пожари и предавач на обуката, Менде Солунчевски..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани