2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ПСК Пелистер го промени статутот, ако здружението престане да постои, имотот ќе припадне на Општина Битола

Јуни 21, 2022

Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ направи промена во стаутот дека во случај на престанок на Здружението целиот нивен имот ќе припадне на Општина Битола, ова беше соопштено на денешната седница на Совет. Во имотот на ПСК „Пелистер“ спаѓа и планинарскиот дом „Копнаки“ кој изгоре пред девет години .Советот денес ќе донесе одлука за одобрување на финансиска поддршка и доделување на финансиски средства на ПСК „Пелистер“ за програмски активности и создавање на услови за одобрување на планинарските и скијачките спортови.

Општина Битола во изминатите месеци најави дека се преземаат активности за да се обнови планинарскиот дом „Копанки“. Токму сопственоста на имотот на Копнаки во изминатиот период беше камен за сопнување меѓу планинарите и претходната локална власт.

Здружението, чија претседател е Диме Попов поранешен советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кое сега направи промена на стаутот во делот за имотот, во изминатите години додека локалната власт беше под СДСМ, одби да ја предаде сопственоста на домот на Општината образложувајќи дека не смеат да отуѓуваат имот. Општината тогаш бараше да ѝ го отстапи планинарскиот дом „Копанки“, за да може да го реновира зашто немаше законски можност да вложува во приватен имот. Планинарите и Општината тогаш не успеаја да се договорат, па остануава тежината врз сегашната локална власт да се реновира домот „Копанки“.

Советниците од Поинаку пред парламентарните избори потпиша Меморандум за соработака со ПСК „Пелистер’’. .

„Начинот на кој ќе се регулира изградбата на Копанки ќе биде предвиден со еден договор на кој заеднички работат ПСК Пелистер и Општина Битола, со кој секоја инвестиција што Општина Битола законски е можна да ја направи и за приватен објект кој е од заеднички јавен интерес на битолчани“, имаше изјавено советникот Иван Чулакоски на една од претходните седници.

Копанки изгоре во 2013 година, ова е трета локална власт од тогаш, до сега домот не е обновен.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани