2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Кратери на патот низ Националниот парк Пелистер

Јули 11, 2022

Големи дупки како кратери се имаат појавено низ единствениот асфалтен пат низ Националниот парк Пелистер. По 74 години од неговото прогласување за прв национален парк во земјава, тој опстојува со стар и со години нерехабилитиран пат.

Збунувачко е тоа што не се знае под чија надлежност е единствениот асфалтен пат во паркот. На официјалната картата од Јавното претпријатие за државни патишта го нема. Како регионални се исцртани земјени или планинарски патишта. Едниот Р 2331 Ниже Поле-Пелистер-Брајчино –Љубојно на картата е испрекинат зашто таква асфалтирана делница не постои. Другиот е Р 29372 од Ротино до Десткото одморалиште што исто така е земјен и само дел асфалтиран.

Во вакви услови нема ни најава за скора реконструкција на овој пат. За истиот проблем со патот централната и локалната власт во текот на зимата изјавија дека можат да помогнат во негова обнова, но не се надлежни.

„Во 2021 година извршивме рехабилитација на патот Битола –Ниже Поле со 24 милиони данари и оваа година продолжуваме со оној дел што е регионален патен правец. Се она што е оставено како локален пат и е така нотирано, ингеренциите се општински“ , изјави тогаш министерот за транспорт Благој Бочварски.

Од Општина Битола тогаш рекоа дека имаат надлежност за одржување на патната инфраструктура која поминува низ населените места, поради тоа вложуваат во  Потпелистерието. И тие посочуија дека учествувале во изведба на истипт пат од Ниже Поле до Подпелистерието и дека работат на проектна документација за реконструкција на патот до спојот со Паркот.

292281620 565834855026487 7537358904485949885 n

292401388 2783007445340981 1149588047727748836 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани