2win800x200

Казната е 180 евра, но уште има возачи кои се паркираат на пешачки- СВР со превентивна акција

Јули 12, 2022

Паркирање на коловозна лента, пешачки премин, зелени површини, пред паркови, пристапни рампи за лица со попреченост се најчестите непрописни паркирања кои ги евидентира полицијата во Битола. Од јануари до јули издадени се 2239 прекршочни платни налози на возачи кои погрешно паркирале.  Тоа во просек доаѓа околу 344 глоби месечно.

СВР Битола преку Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата денес во Битола, во централното градско подрачје каде што е концентриран најголем метеж, спроведе превентивна акција „Паркирај совесно –паркирај одговорно“. Во неа само беа предупредени возачите на непрописно паркираните возила. Додека траеше акцијата полицијата затекна возила паркирани на пешачки премин и на тротоар на Широк Сокак кај Камен Мост.

„Делевме флаери за возачите со што ќе укажиме на законската обрска што ја имаат при почитување на сообраќајните правила и прописи“, рече Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Инаку глобите за непрописно паркирање се многу високи. За паркирање на пешаки премин и пет метри до него казната е 180 евра,  на коловозна лента 45 евра, на трева површина 150 евра. Од полицијата апелираа возилата прописно да се паркираат за да не се попречува сообраќајот и движењето низ градот, а и возачите да не бидат изложени на тошоци со плаќање казни.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани