2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

МНР: Бугарскиот конзул немал право да присуствува на увидот на Комисијата за спречување дискриминација во бугарскиот клуб во Битола

Август 06, 2022

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија го следи и нотира ангажманот преземен од страна на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во врска со евентуални наводи за извршена дискриминација во случајот со здружението Иван Михајлов од Битола.

Еве што пишува во соопштението на МНР;

Што се однесува до присуството на Генералниот конзул на Република Бугарија во Република Северна Македонија, со седиште во Битола, г-дин Димитар Иванов, за време на увидот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во просториите на Културниот центар во Битола, Министерството нагласува дека согласно Коненцијата за конзуларни работи, тој немаше право да биде присутен на увидот бидејќи се работи за постапка во која се вклучени две здруженија, правни лица од Северна Македонија, регистрирани согласно постојните законски прописи на државата.

Г-динот Иванов има право да ги застапува правата и интересите на државјаните на Република Бугарија кои живеат во Република Северна Македонија, но не и правата и интересите на здружение на граѓани регистрирано во Република Северна Македонија.

Министерството за надворешни работи ја користи оваа прилика уште еднаш да ги охрабри сите граѓани да ги користат правните механизми за заштита од дискриминација, како примарен начин за заштита на своите права и слободи.

Министерството укажува на обврската на сите институции, во случајот на Комисијата која покрива особено чувствителна проблематика, професионално и објективно да пристапуваат кон ваквите претставки и предмети, со цел да се одбегне било каква политизација во решавањето и заштитата на правата на физичките и правни субјекти.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани