2win800x200

Општина Битола прва по транспарентност за објавување на јавни информации

Јуни 22, 2018

Со 83.6% исполнетост на обврските за објавување на јавни информации, општина Битола е рангирана на прво место во државата, од вкупно 97 институции врз кои е спроведено истражување за проценка на активната транспарентност на институциите, соопштуваат од општината.

 

Во истражувањето спроведено од страна на Центарот за граѓански комуникации, во рамките на Цивика Мобилитас, опфатени се сите 81 општина и градот Скопје, 15  министерства и Владата на РМ. Во однос на регионите, според просечните резултати, и годинава најдобро стои Пелагонискиот Регион, а најслабо – Полошкиот.

Анализата на активната транспарентност на инстиуциите е извршена врз  основа  на  претходно  изработени  методологија  и  структурирани прашалници  за  состојбата  на  исполнетост  на  обврските  за  активно  објавување  на  информациите, врз основа на што е направено бодирање, односно во  зависност  од  важноста,  степенот  и  обемот  на  објавените  информации  на  интернет-страниците на  институциите  што  се  истражуваа,  за секое  прашање доделени се соодветни бодови.   

Како  дел  од  истражувањето  беше  испратено  и  тест-барање  за  слободен  пристап  до  информации од  јавен  карактер  до  сите  вклучени  институции  заради  оценување  на  навременоста  и  целосноста  на  добиените  одговори.   

Законската основа за активната транспарентност на институциите се наоѓа пред сè во Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, но и во низа други закони како што се Законот за локалната самоуправа, Законот за буџетите, Законот за јавен долг, Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа и др. Освен од регулативата, активната транспарентност произлегува и од практиката, односно кога една институција ги прави достапни до сите граѓани одговорите на прашањата, што почесто ги добива во форма на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Општина Битола, согласно своите надлежности, континуирано врши ажурирање на информациите на својата веб страна, во сите области , а исто така воспоставена е и постојана комуникација со граѓаните преку програмата „Пријави проблем“, мејл комуникација, или комуникација со доставени барања. Сите овие постапки се во функција на информирање на граѓаните, но и олеснување на постапките за решавање на нивните барањата,  стои во соопштението на Општина Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани