2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Јапонија донираше ултра звучен ехо апарат на Педијатриското одделение во Битолската болница

Ноември 21, 2022

Јапонската амбасада донираше педијатриски ултра звичен апарат во вредност од над 52 000 евра за Педијатриското одделение во Клиничката болница во Битола. На настанот присусвува јапонскиот амбасадор Савада Хиронори, градоначалникот Тони Коњановски и директорот на Болницата Д-р Алексанадр Обедниковски.

„Ова е прв ваков апарат на Педијатриското одделение во последните 25 години. Во изминатите години бевме соочени со проблем околку дијагностиката и третманот на деца. Принудени бевме да ги испраќаме во приватни и државни клиники во Скопје кои исто така беа преоптеретени. Поради тоа, пациентите долго чекаа за преглед и дијагностика со што се одолговлекување и периодот за лекување. Тоа предизвикуваше компликации и трошоци за семејствата на децата. Со оглед дека нашата Болница е регионален педијатриски центар каде се лекуваат деца од Регионот со набавката на овој современ утразвучен апарат се решава овој пропблем“, рече Д-р Александар Обедниковски, директор на Клиничката болница-Битола.

апарат2

Амбасадорот Хиронори истакна дека Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од 3 милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош. Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за ковид-19 и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со ковид-19. Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за 64 здравствени установи во земјава.

апарат4

Градоначалникот Тони Коњановски рече дека по осум месеци од потпишувањето на грантот меѓу Владата на Јапонија и Клиничката биолница во Битола, официјално се става во функција еко апаратот.

„Со овој апарат значително се подобруваат условите за ехо дијагностика, а со тоа и грижата на младите. Посебна благодарност до Јапонската амбасада и народ кои со овој 10 гранд на GGP програмата во нашата општина дополнително го потврдуваат континуитетот на нашата соработка како и можноста за нејзино зајакнување“, рече Коњановски.

Тој најави дека во иднина можно е збратимување на Битола со еден од градовите во Јапонија.

апарат3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани