2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Новинарски протест: Солидарно до поголеми права за медиумските работници

Февруари 17, 2023

"Навредата кон новинарите е потценување на граѓаните“, „Работиме за граѓаните, не за политичарите“, „Ако ја ограничите нашата слобода, ја загрозувате вашата“, „Без локални медиуми вистината не е целосна“, се дел од пораките кои денеска новинарите и снимателите ги испратија од пред Владата и Собранието.


На денот кога се одбележуваат 77 години од постоењето на Здружението на новинарите на Македонија, ЗНМ и Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ), заеднички го изразија незадоволството од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба.

ZNM 2 2
Пораките на ЗНМ и ССНМ беа испратени преку јавно обраќање на претседателите на двете здруженија, како и преку новинари и медиумски работници кои беа жртви на физички и вербални напади.

До Владата и до Собранието на РСМ беа доставени барања:

·       Да престане негативниот тренд на понижувачки говор од страна на министри, директори, политичари
·       Крај на агресивниот државен пи-ар
·       Поддршка за колегите од внатрешноста во насока на изнаоѓање системско решение за квалитетна новинарска содржина и достоинствени плати
·       Обезбедување услови за квалитетни професионални новинарски продукти, за традиционалните, но и за новите медиуми
·       Имплементација на законите кои се важни во новинарската сфера, за обезбедување независно и функционално работење на јавниот сервис и регулаторот
·        Брза и ефикасна имплементација на законите кои ја третираат безбедноста на новинарите
 
 received 1365086137610978
 
Во своето обраќање пред колегите и медиумите, претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски порача:

„ Бараме почит за новинарската професија, нас никој не смее да не потценува и навредува затоа што ние работиме за граѓаните.  Излегуваме за да потсетиме дека новинарството е јавно добро, тоа не им припаѓа ниту на Владата, ниту на опозицијата, ниту на партиите, ниту на газдите на медиумите, туку им припаѓа на новинарите и новинарките. Вака веќе не може... Законите важни за медиумите не се спроведуваат, јавните функционери имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите, државниот Пи/ар ја зема работата на новинарите снимателите, фоторепортерите, Владата создаде најголема редакција. Државните институции и нивите директори имаат проблем да сфатат дека не е транспарентност кога со денови чекате одговор, а добивате пр памфлет за објава. Локалните и регионални медиуми работат на раб на издржување, безбедноста на новинарите не е на ниво на кое би сакале да биде.Ова мора да се промени.“

Пред присутните се обрати и претседателот на ССНМ Павле Беловски кој рече: „Како ни трули cрцевината на нашата професија. Тие работат во навистина тешки услови, со се помалку кадар, со ниски плати, и нивната социо-економска состојба е незавидна. Затоа и се повеќе се чувствува недостатокот на локални теми, на известувања од локалните заедници што претставува сериозен недостаток во една демократија. Сметаме дека е повеќе од итно да се донесат решенија за подобрување на состојбата во која се наоѓаат новинарите и медиумските работници од внатрешоста. Решенија кои ќе бидат системски, законски, а не парцијални. Решенија со кои работодавците ќе добијат квалитет, а нашите колеги сигурност. Бараме услови, а не милостина. “ 
 
received 5898453576907076

Пред Собранието на присутните медиумски работници им се обратија, Сенат Зулбеари потпретседател на ЗНМ, новинарите Сашка Цветковска, Душица Мрѓа, Славица Филиповска, Жанета Здравковска во име на регионалните центри на ЗНМ
*Бараме посериозен третман  на дописниците. Националните медиуми да ангажираат дописници- новинари и сниматели или фоторепортери. Дописниците да се вработат, а не да бидат ангажирани со договори на дело. Има новинари кои остареа допишувајќи за одредени медиуми, а никогаш не им беше решен работниот статус и денес остануваат без пензии.

 *Транспаретност на институциите. Доста е од агресивниот пр апарат на централните и локалните власти. На настани од  јавен интерес да се канат новинари, фоторепортери и сниматели, а не државните и општинските служби да не канат никого, а потоа да си иградаат новинари праќајќи ни мејлови, фотографии и видео снимки. Ние остануваме без леб, а тие глумат новинарство!

*Да се преземат итни мерки за елиминација на нелојалната конкуренција. Портпароли и вработени во институции паралелно да не можат  да работат или менаџираат медиуми.

*Го дигаме  и гласот против кражба на автоските текстови и фотографии. Бараме изнаоѓање на ефикасно  решение за почитување на авторскиот турд, порача Жанета Здравковска, регионален координатор на ЗНМ- Битола

 
Беа испратени пораки за решавање на дел од предизвиците со кои се соочуваат новинарите, за прекин на тужбите кон нив како и за подобрување на условите во кои работат и младите новинари во целата држава.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани