2win800x200

Во Битола именувана обинителка за предмети со безбедност на новинарите

Ноември 02, 2023

Ирена  Атанасовска од Основното јавно обвинителство- Битола е задолжена да постапува за предмети поврзани со безбедноста на новинарите. На 2 ноември, Меѓународниот ден прекинување на неказнивоста на злосторствата врз новинарите, Основното јавно обвинителство во соработка со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) назначи нови три посебни јавни обвинители за тетовското, битолското и штипското апелационо подрачје. Покрај битолската обинителка, за оваа проблематика назначени се и Нина Димитриевска од ОЈО Тетово и Татјана Кацарова од ОЈО Штип.

По тој повод беше организиран настан каде пред повеќе од 30 новинари и медиумски работници беа претставени резултатите, впечатоците од досегашната соработка како и новите иницијативи кои се преземаат во насока на унапредување на заемната соработка помеѓу еснафските здруженија со обвинителството.

„Ме охрабрува фактот што имаме и нови колешки кои денеска официјално претставивме од кои обвинителства ни доаѓаат, а тоа се обвинителствата од Тетово, Битола и Штип. Ова преставува чекор напред во оваа борба и оваа заложба која обвинителството ја покажува кога станува збор за заштита на новинарите“ – кажа обвинителката Искра Хаџи Василева од ОЈО Скопје. .

Во своето обраќање претседателот на ЗНМ потсети на големиот број на нерешени случаи за напади врз новинари, за потребата од итно решавање на истите, посебно на случаите од 27-ми април: „Новинарите се соочуваат со низа предизвици, вклучувајќи физичко насилство, вознемирување, закани и правни дејствија, а сето тоа може да доведе до самоцензура и пад на истражувачкото новинарство. Денеска, се потсетуваме на неправдата сторена кон нас, заборавените и нерешни судски случаи, SLAPP тужбите кои се поприсутни. Сите нерешени напади кон новинарите на 27 април, прислушувањето на новинари, годината започна со јавно омаловажување и потценување на новинарите од страна на политичарите… Листата на нерешени случаи е голема, но нашите барања и очекувања се уште поголеми. Нашиот симбол на неказнивост е 27-ми април, да не дозволиме да се случи пак “ – рече Чадиковски.

Претседателот на ССНМ, Павле Беловски истакна дека  „ 2-ри ноември е ден одредница кога се потсетуваме колку од нас се жртви на насилството. Целта на овој ден преку оваа дебата е одново да се осврнеме на контекстот зошто бројот на напади не само што стивнува туку насилството и кривичните дела кон нас се засилуваат. Но, сепак чест е да се биде на оваа маса каде што го имаме обвинителството како партнер, бидејќи пред шест години кога јас лично физички нападнат МВР во отсуство на измените во кривичниот закон со кој напад врз новинар се третира како напад врз службено лице, мојот напаѓач тогаш беше гонет за дела од прекршочната материја, односно нарушување на јавниот ред и мир. Па оттогаш не застана нашата борба за овие измени преку кои очекуваме да ја постигнеме целта. Наш императив е нулта напади врз новинари заради постењето на кривичната одговорност што ќе придонесе за искоренување на овој вид насилство и подигање на свеста во јавниот дискурс дека нападот врз новинарите не е напад врз личноста туку напад на демократијата и атак врз јавниот интерес“ потенцираше Беловски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани