АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 18/19.02.2023 во перидоот од 23.00 до 04.00 часот полициски службеници од СВР Битола спровеле акциска контрола во казина, спортски обложувалници и угостителски објекти во Битола. Притоа, во угостителски објект биле затекнати шест малолетници при консумирање алкохол, во угостителски објект бил затекнат малолетник по 00.00 часот и во казино бил затекнат малолетник како игра на рулет машина. Малолетници биле предадени на нивните родители, а по целосно документирање на случаите против сопственици ќе бидат поднесени соодветени пријави.