АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Крвава тепачка се случила синоќа во ноќниот клуб „Расчекор“ од Битола, нешто по 2 часот по полноќ. Од наши извори, очевидци на местото настанот, тепачката настанала помеѓу две групи млади момчиња од 20 до 25 години. Очевидци велат дека еден од повредените воопшто не учествувал во тепачката, но се здобил со најсериозни повреди.
Од Битолската клиничка болница за Апла.мк велат дека ноќеска се примени две млади лица, кои во моментот се во стабилна здравствена состојба. Но, еден од повредените ноќеска на болница изгубил свест и бил пренесен на одделот за интензивна нега, па задржан на одделот за Хирургија. Вториот од повредните имал набиеници по телото, потврдуваат официјално за Апла.мк.
Од СВР Битола за Апла.мк соопштија дека денеска во 02.21 часот во СВР Битола било пријавено дека во угостителски објект лоциран на ул. „Партизанска“ во Битола настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица, при што И.И.(21) и Л.Ѓ.(20), двајцата од Битола, се здобиле со повреди. Полициски службеници од СВР Битола извршиле увид, а по преземени мерки и активнисти, во врска со настанот, на службен разговор биле повикани пет лица. Се работи на расчистување на случајот.
Клубот е покриен со видео надзор, па наши извори велат дека полициски инспектори го проверуваат секој детал од овој немил настан.