Бесплатна пешачка тура низ Битола-битолчани беа туристи во својот град

Февруари 20, 2023

Битола крие огромен број знаменитости и убавини кои треба да се зачуваат и пренесат. Приказните за Офицерскиот Дом, за Мустафа Кемал Ататурк и неговата љубов, за браќата Манаки, геноцидот врз Евреите, Саат Кулата, Старата чаршија, ликовната колонија Мал Битолски Монмартр се само дел од богатата историја на градот, што им ги раскажуваат туристичките водичи на домашните и странски туристи. Но, битолчани ретко имаат можност на ваков начин да го доживеат градот, па затоа Асоцијацијата на туристички водичи го одбележа 21 февруари , Светскиот ден на туристички водичи со двочасовна бесплатна пешачка тура ја претставија Битола пред нејзините граѓани онака како што тоа го првата пред многубројните туристи.

00011.MTS.00 00 00 00.Still001

-Сакаме на нашите сограѓани да им ја раскажаме приказната која што им ја пренесуваме во 2 и пол до три часа на домашните и странските туристи, за повторно да се вратат назад, да видат дека Битола има многу убави работи, повторно да не посетат тие или нивните родните пријатели и добриот глас да се шири далеку. Многумина од битолчани не го посетиле Музејот, или не ја посетиле Хераклеја. И јас и моите колеги пред да ја започнем оваа работа, не знаевме многу податоци, но професијата не научи да ги бараме тие приказни и да ги пренесуваме. Има неверојатна реакција, домашните и странските туристи воодушевени се од богатата историја, традицијата, музиката. Воодушевени се кога им кажуваме на пример дека овде пред 100 години имало избор за мис, кога пред 99 години Широк Сокак бил осветлен со канделабри, потоа конзуларните претставништва, Музејот кој е сместен во објектот каде учел Мустафа Кемал Ататурк, Офицерскиот дом и ред други места, локалитети, објекти кои шо се гордост на градот и ретко каде можеат тоа да го доживеат и видат. Нормално е да ја пренесат таа информација. Наше е да го затскриеме она што е проблем и е негативното, а да го претставиме најдоброто за да имаме што повќе туристи во нашиот град, вели Горан Пинза, лиценциран туристички водич.

00059.MTS.00 00 06 03.Still001

Наставничката Наташа Тодоровска, дојде на оваа тура низ Битола со своите ученици и родителите

-Ние ја живееме Битола, но за Битола читаме низ книгуите, историските документи. Но сакам од лиценциран водич да слушнам за Битола, ние битолчани да ја доживееме Битола како туристи. Сакам да слушнам како еден лиценциран водич ја пренесува приказната за Битола пред туристите, вели Наташа Тодоровска, наставник.

00061.MTS.00 00 00 00.Still001

Некои од граѓаните дојдоа за низ едно вакво искуство да осознаат повеќе за Битола да бидат добри домаќини за своите гости.

-Сакав да видам кои се поважните места во Битола, за кога ќе имам гости да ги однесам таму, да видам каде одат туристите, вели битолчанка.

00062.MTS.00 00 05 09.Still001

Туристичките работници велат дека добор битолчани што помасовно да присуствуваат на турите низ Битола за подобро да го запознаат својот град.

 

-Колк00080.MTS.00 00 04 10.Still001у проценти од битолчани го посетиле музејот, колку дошле на оваа тура. Бесплатна иницијатива е, но треба да се негува, треба да се види, да знаеме каде живееме. Сакам овие пристуни да ми ги кажат своите импресии, да ми кажат што видоа, дали претходно знаеа, тоа е најважното, тоа е целта на оваа тура , вели Миле Спировски, туристички работник.

00081.MTS.00 00 00 00.Still001

Македонската асоцијација на туристички водичи оваа бесплатна пешачка тура во најпосетените туристички места ја организира втора година по ред по повод Светскиот ден на туристичките водичи, 21 февруари.

332115639 570054441835451 8200988764116800637 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани