АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Мускулно-воспалителна реакција во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин имала петгодишната Јана Христовска која на 22 март почина во Клиничката болница во Битола, соопштија од Комисијата за стручен надзор за лекувањето на девојчето. Комисијата заклучи дека според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза, се преземени соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на пациентката.
„Од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин. По влошување на состојбата, заклучок на Комисијата е дека се преземени потребните чекори, согласно медицина базирана на докази и клиничката слика на пациентката“, пишува во соопштението од Министерството за здравство.
Комплетниот извештај од Комисијата за стручен надзор ќе биде проследен до Јавното обвинителство. Јана почина пред 13 дена на Клиничката болница во Битола, а нејзините родители обвинија дека по примената инфузија шеќерот ѝ се покачил од 9 на 19 единици.