АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во рамките на фестивалот Илинденски денови беа промовирани интерактивните дигитални мапи на недвижното културно наследство од османлискиот период во Битола. Станува збор за две засебни мапи на кои што на едната се претставени сакралните, а на другата профаните објекти. Мапите ќе им бидат од особена полза на наставниците при реализацијата на наставата, на оние кои што се занимаваат со промоција на градот, но и на сите заинтересирани за минатото. За секој објект има соодветен текст и фотографии како и локација каде се наоѓа, односно каде се наоѓал објектот, бидејќи во мапите се опфатени и веќе непостоечки објекти. Проектот беше изработен во соработка со ЦЕИПА а автори се: Виктор Трајановски, Васко Гичевски, Душица Брачиќ, Бети Павковиќ Божидар Маслинко, Борис Мантов и Станислава Трајановска.