2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Советот бара решение за превозот на учениците и долговите на училиштата

Јули 31, 2018

Жестока расправа во битолскиот Совет денеска предизвикаа измените на одлуката и дополнувањето тарифата за општински линиски превоз донесени во 2012 и 2015 година. Општината треба да спроведе постапка за јавна набавка за превоз на ученици кои имаат право на бесплатен превоз, а ќе ги користат линиите од општинскиот линиски превоз. Опозицијата обвини дека власта само се обидува да ја замајува јавноста, затоа што ништо не се менува, а цените за превозот остануваат исти.

- Дополнување на одлуки донесени 2012 и 2015 година значи само потврдување дека тие одлуки се согласно законот и со тоа овозможувате нивен контикуитет, а уште посмешни се дополнувањата на одкулите со тоа што значи патник. Цело време зборувавте за некои цифри, за некои градови Битола, Токие, добро е на јавноста да и кажете дека тарифата ќе остане иста бидејќи одлуката што ја менувате за тарифа на линиски превоз има цени дефинирани во 2012, а денес истите ќе ги верификувате, со дополнување на објаснување на дефинициата што значи патник, рече Борче Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ сега бараат градоначалничкта Петровска да им ги врати парите на родителите, затоа што во второто полугодие останале без превоз, а неизвесно е и дали на почетокот на следната учебна година оваа услуга навреме ќе биде обезбедена.

- Зошто го одбивате носењето на одлука да им се рефундираат средствата на родители чии деца не го користеле училишниот превоз аа второто полугодие. Неколку стотни ученици останаа без загарантирано право на беплатен превоз. Ете и сега, постапката за јавана набавка е во тек, а крајниот рок за поднесување на понуди е на 30 август. Кога ќе заврши и дали 1 ви септември повторно ќе имаме ученици кои ќе ја започнат учебната година без законски загарантирано право за бесплатен ученички превоз? праша Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Советот Валентин Груевски, ги праша советниците од опозицијата зошто не ги споменуваат бројките кои покажуваат во каква состојба ВМРО-ДПМНЕ го остави битолското образование, а секој обид за решеавање на проблемите се дочекува на нож. Тој рече дека решение за превозот и долговите на училиштата бара и централаната власт, која формирала комисија предводена од премиерот Заев

- Мора да се изнајде решение , можете да зборувате празни флоскули, да обвинувате дека тоа можеше да се реши во овие 6 месеци, но бројките се тие, а тоа е доказ на она што го работевте во минатото и за вашиот „домаќинлук“. Ниту проблемот го создадовме ние, ниту е лесно решлив. Секаков наш обид да го решаваме е дочекан на нож, но ние се обидуваме и ќе се обидуваме да го решиме проблемит. Она што сакаме да го промениме е оној патник да се разликува од овој патник по цената што ќе ја плаќа. Наместо 300 денари во еден правец, патникот ќе плаќа меѓу 60 до 80 денари. Вашите патници плаќаа за 3 километри по 300 или 400 денари, додаде Груевски

На забелешките и критиките на опозицијата возврати советничката на СДСМ Емилија Костурска, велејќи дека на граница на пристојност е токму ВМРО-ДПМНЕ да ја отвора темата образование и да зборува за бесплатниот превозот на учениците. Таа не ги прескочи долговите што бившата власт ги остави во училиштата и ја повика советничката Анита Ангелевска, обвинета од СЈО во „Транспортер“ да ги каже изворно состојбите.

-Вода во СУ,,Таки Даскалот“ не е платена од 2008 година. Истото училиште, при промена на власта во 2006 година, беше оставено со салдо од плус стотина илјади евра, за да сега, во 2017 го донесете до минус деветстотини илјади евра! Милион разлика за една образован институција! Ни оставивте тажна слика на училиште во кое учат околу 950 ученици и со еден тоалет заеднички и за машките и за женските.Училиници без врати! Системот за греење пред тотален распад, обвини Костурска.

За злоупотреби на буџетски пари со провозот на ученици за случајот „Транспортер“ СЈО покрена обвинение против 21 лице вработени во општината, директори на училишта од претходната власт и сопственици на превознички фирми, а во тек е судски процес против обвнетите. Исто така, и битолската полиција поднесе кривични пријави за злоупотреби на буџетски средства во превозот на ученици против поранешната локална власт во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани