2win800x200

Со 400 гости од кои 160 се странски и 79 извонредни филмови: Почнува 44. ИФФК „Браќа Манаки“

Септември 21, 2023

На денешната прес конференција на 44. ИФФК „Браќа Манаки“ која се одржа во Офицерскиот дом во Битола беа презентирани детали за годинешната програма на Фестивалот, но и офф програмата.

-Еве со оваа прес конференција, прва во Битола, фестивалот си дојде дома, тој си припаѓа на Битола, тука ќе остане и ова е негов вистински дом како што бил дома на браќата Манаки.

44. издание на „Браќа Манаки“ навистина е голем. Првата година имавме 150 гости, 20 филмови, двајца добитници и скромен буџет, го организиравме во време на пандемијата. Наредната година имавме 250 гости, 65 филмови и 37 ноќни забави, а годинава имаме меѓу 350 и 400 гости од кои околу 160 се странски гости, тоа е огромна бројка и 50 VIP, имаме 79 филмови во кино сали и проекции на отворено. Имаме извонредни филмови во главната селекција од Кан, Берлин, Венеција, Карлови Вари, Сан Себастијан. Тоа се филмови во кои знаењето и умешноста на кинематограферите доминираат, имаме во оваа селекција врвни кинематографери кои работат во врвни режисери, рече директорот на Фестивалот Симеон Мони Дамевски.

Можно е да е слика од 8 луѓе и луѓе танцуваат

Директорот информираше дека има македонски филмови за отворање и затворање на Фестивалот, а ги претстави и останатите програми од кратката селекција, документарните филмови, студентските филмови, како и филмовите кои публиката ќе може да ги погледне на отворено од своите автомобили.

-На Фестивалот ќе се одржи тркалезна маса на шест исклучителни жени кинематограферки кои ќе проговорат за предизвиците во професијата, Балканска конференција на кинематографери од која ќе произлезе Манифест, потоа сите кино-прикажувачи ќе потпишат Меморандум за да се рашири кино-мрежата во Македонија и да се врати публиката во кината, следува проектот „Наследниците на Манаки“, каде најмалите се внесуваат во светот на филмот, снимаат филмови и ги прават првите чекори во оваа сфера. Годинава и амбасадите на Германија, Франција и Италија организираат вечери на нивната култура поврзани со филмовите кои ќе бидат прикажани на Фестивалот и авторите кои ќе бидат наши гости, подвлече Дамевски.

Содржините на офф-програмата почнуваат еден ден порано од официјалното отворање на Фестивалот со Филмско кабаре, а нив ги претстави Маја Ангеловска која е координатор на програмата.

Можно е да е слика од 2 луѓе и текст

Под мотото „На Кино, па Олабај со Манаки офф“ ќе може да се проследат настаните:  Наследниците на Манаки/ Филмско патување низ филмовите на Манаки ǀ филмска работилница ǀ со режисерката Марија Џиџева разговор со Румена Бужаровска; модератор Ана Василева Aудио презентација ǀ музика за филм во слушачки агол, изложба на фотографии од „Крај Вардарот сесии“ и Аудиокултура во Теохаров аудио аголАудио презентација ǀ референтен звук во слушачки аголФилмско кабаре – официјално отворање на програмата Друштвени игри од Гоблин ǀ со Иво Бару Мани кадро со Браќата ǀ фото агол, фото изложба „Со Љубов од Битола“ ǀ Центар за европски развој и интеграции – БитолаПроекција на документарниот филм „Манаки“ во продукција на ОХОФеминистичко Stand up попладне со Софија Ристевска Петрушева и Никола ПројчевскиTIME.SOUND.VISIONЗаедничка презентација на Божиновски часовници и накит и Аудиокултура на Теохаров аудио систем Премиерна аудио презентација на новиот винил „Крај Вардарот сесии во Аудиокултура “Промоција на плочите „THE BACK OF BEYOND“ на Кокан Димушевски и „ГРИЖА НА СОВЕСТА“ на бендот Паркети. Промотор Тошо ФилиповскиПромоција на збирка поезија „Филмски песни“. Автор: Дејан Трајкоски. И музика: Браснислав Николов и Гоце ЈованоскиЈазична меморија – Изложба на визуелен приказ на македонски зборови автор: Сташа Божиновска и многу други, информираше Ангеловска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани