2win800x200

На патот Битола-Меџитлија ќе има 24 часа сообраќајни патроли, соопшти СВР Битола

Септември 29, 2023

По апелот и реакациите на жителите на Кравари дека потребна е засилена сообраќајна контрола на патот Битола- Меџитлија, додека трае реабилитацијата на овој важен патен правец за регионот, веднаш се огласи СВР Битола и за Апла потврди дека сообраќајни патроли на овој патен парвец ќе има 24 часа на ден. 

Информацијата за нашиот медиум ја потврди портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова. 

Денеска група на жители на селото Кравари беа на средба со градоначалникот Тони Коњановски загрижени за сообраќајната безбедност на патот Битола-грчка граница кој се уште е во завршна фаза на рехабилитација. Загриженоста е оправдана по двете жртви на патот во сообраќајни несреќи, жители на Кравари, во поседните две недели.  

Целиот текст на следниот линк https://apla.mk/

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани