АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Одреден е притвор за битолчанецот кој со стол нападнал гостин в кафетерија во новиот пазар во Битола, без причина. И двајцата и напаѓачот и нападнатиот пред истрагата изјавиле дека претходно не се познавале, а нападот дошол неочекувано и предизвикал чувство на страв кај присутните гости.
„Криминалистичката полиција при СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.Ј.(37) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. На 30.09.2023, во угостителски објект во комплекс „Нов пазар" во Битола, пријавениот физички и со дрвен предмет го нападнал И.В.(38) од Битола. По преземени мерки, полициски службеници го пронашле и привеле пријавениот. Тој бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор, Изјави Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.