АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Зачудувачки е што во 2023 година во државата сѐ уште се користи нож за конизација за остранување на предканцерогени промени на грлото на матката, рече Д-р Лилјана Кочоска- Мареш, специјалист гинеколог, претставник на Ротари клубот Дјуршхолм од Шведска кој во Клиничката болница во Битоила донираше современа опрема за минимално инвазивни третмани при гинеколошка интервенција врз грлото на матката.
„Нашата цел беше да се издигне на ниво на цела државата потребата да се престане со конизација со нож, а поликлинички да се третира жената. Корисењето на нож е поврзано со ризик од зголемено крварење, инфекција, жената лежи во болница сосема непотребно 2 до 3 дена. Со поликниничката методата која е секаде прифатена за 2 до 3 минути минимално го отсранувате ткивото за да не дојде до зголермен ризик од предвремени раѓања кои се со висок процент со оглед на тоа дека имате длабоки конизации“, рече Кочоска- Мареш.
Донацијата се состои од јамки за LLETZ, електроди за коагулација, биполарни ножички и биполарен инструмент за хируршки интервенции, абдоминални операции, како инструмент и апликатор за аргон плазма коагулација. Со јамки за LLETZ конизација, промените на грлото на матката се отстрануваат за неколку минути и пациентката може да си оди дома после 30 до 45 минути од интервенцијата. Ризикот од крварење во тек и после интервенцијата е минимален, како и ризикот за инфекции кај пациентката, за разлика од класичниот и застарен метод на хируршко отстранување.
„Една јамка би можела да се стерилизира за пет пациентки и тогаш би биле пресреќни ако 200 до 300 пациентки добијат бесплатна минимално инвазивна терапија на предканцерогени и канцерогени промени’’, рече Кочовска- Мареш.
Директорката на Клиничката болница од Битола Елизабета Ивановска рече дека со оваа донација Гинеколошко-акушерското одделение ќе ги следи светските трендови во навремено откривање на гинеколошките карциноми и нивно отсранување со минимално инвазивна технологија.
„ Оваа интервенција ни дава максимална можност целосно да се зачува цервикалното ткиво и процесот на лекување да биде поефикасен во споредба со конвенционалниот метод на лекување како на пример цервикалната конизација со обичен хирушки скалпер. Црвикалниот карцином е еден од четирите водечки карциноми кај жените. Секоја година во нашата држава во просек имаме 150 жени кои се јавуваат како нови случаи на заболени. На глобално ниво 18,5 милиони жени годишно се борат си гинеколошки карцином, а речиси на секој 5 минути згаднува животот на една жена“, рече Ивановска.
Донацијата беше остварена во соработка со Ротари клубот од Битола.
„Не го мериме овој проект со вредноста на чинење, туку со ефектот на помалку потрошени пари за тие застарени методи“, реле Раде Христовски од Ротари Битола.
Елизабета Чипуровска, специјалист гинеколог во Клиничка болница Битола рече дека спроведуваат кампањи, предавања, акции се со цел навремено да се откријат предканцерогените состојби за да можат да се лечат.
Ж.Здравковска