2win800x200

Битолчанката Софија Михајловска од Државното музичко училиште одржа концерт во Рим

Октомври 04, 2023

Во склоп на фестивалот Roman Nights at the Teatro Marcello -Concerti del Tempietto, Софија Михајловска - ученичка од ДМУ Битола од I клас од класата на проф. Маја Божиновска се претстави со целовечерен пијано рецитал во Рим- Италија.

На програмата беа дела од различни епохи: Бах, Бетовен, Шопен, Борткиевич, Рахмањинов.

Ова беше една одлична можност да се заокружи досегашното основно образование, каде Софија покрај многуте настапи на меѓународно и државно ниво, е добитник на многубројни награди на државни и меѓународни натпревари.

Пијанистката Софија Михајловска е меѓу најуспешните млади музичари во Македонија. Таа свири на пијано од својата шеста година, а досега е наградена со бројни награди и признанија. Настапувала на многу концерти, компетиции и мастеркласови. Во 2018 година учествувала на мастер-час одржан од проф. Јуриј Кот од Украина и во 2019 година на мастеркласите на проф. Рустам Рахмедов од Туркмени-стан, а и со Катарина Крпан од Хрватска во 2022.

Освен концертните настапи, учествувала и на многу натпревари каде има освоено многу награди: прва награда на Државен натпревар 2016 година, 2019, 2021 година, специјална награда на Меѓународен натпревар во Гевгелија во 2017 и 2018 година, прва награда на Меѓународен натпревар во Врање 2017, 2018 и 2019 година, прва награда на Меѓународниот компетиција „Даворин Јенко“ во Белград – 2018 и 2020 година, „4-ти ноември“ награда - Признание за најуспешен млад музичар во Битола во 2019 година, прва награда на Меѓународен натпревар за млади музичари „Охридски бисери“ EMCY 2020, прва награда на Интернанационалниот натпревар „Полихимнија“ во Скопје во 2021 година, трета награда на меѓународниот музички натпревар во Москва IMMC 2021, прва награда на меѓународниот натпревар по пијано „Cittàdi San Donà di Piave“ во 2021 година и многу други.

Еден од нејзините најзначајни настапи е настапот со Македонската филхармонија во мај 2021 година, каде Софија Михајловска го свиреше Ј. Хајдн - Концерт за пијано во Д-дур, и беше најмладиот солист што настапувал со овој оркестар.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани