2win800x200

Потпишан договор за поддршка на Женскиот центар против семејно насилство во Битола, за нецела година помош побарале 60 лица

Октомври 13, 2023

Од декември кога беше отворен Женскиот центар за поддршка на жени и деца жртви на родово-базирано и семејно насилство, па до денес, помош побарале 60 лица, а некои од нив и повеќекратно.

„Бележиме над 250 работни часа. Сме пружиле помош и на деца и на мајки. Најчето бараат психолошка поддршка во моментите на одлучување дали да побараат развод и најмногу заштита и психолоошка помош на децата. Свесноста се развива, осовено семејното насилство веќе не е табу тема за младите генерации, жените што имаат по триесетина години навистина се охрабруваат да побараат помош“, рече Наташа Бајкирова психотерапевт во Женскиот центар.

Сепак ова не вкупната бројка на жени и деца кои трпат семејно насилство.

„Бројките се доста загрижувачки на национално ниво. Статистиката на Министерството за труд и социјална политика минатата година покажа дека имаше околу 1500 пријавени нови случаи. Но, ова е само 2 проценти од вкупниот број на жени кои преживуваат семејно насилство, што го поикажа истражувањето на ОБСЕ од 2019 година. Според него, само 2 проценти од жените го пријавуваат најсеризниот инцидент во кој имаат најсерозни повреди“, рече Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Женскиот центар нуди советување и поддршка за остварување социјални права, психолошко советување, психиотерапија, правна помош и поддршка, кариерно советување и друго.

Отворањето на Центарот лани Општина Битола го поддржа со 930 000 денари, а градоначалникот Тони Коњановски најави дека ќе го помагаат во континуитет.

„Ја  продоложуваме континуираната соработка што ја имаме веќе една година со Националната мрежа за  заштита на жените и децата од  семејно насилство. Општина Битола сериозно вложува и  во овој дел и во родовата еднаквост преку  финансирање на програми и проекти. Овој  е проект кој втора година го продолжуваме, а ни се приклучуваат и колегите од соседните општини“, рече Коњановски. 

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство сo општините Битола, Ресен, Могила, Демир Хисар и Новаци, денес потпиша меморандум за соработката и финансиската поддршка за одржливост на Женскиот центар за поддршка во Битола.

Ж.Здравковска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани