АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Oд вкупните расходи 48 проценти, од буџетот одат во капитални инвестиции рече градоначалничката Наташа Петровска на седницата на Совет каде требаше да се расправа за кварталниот извештај од реализацијата на буџетот на Општина Битола. Опозијата , пак, ја обвини дека предложила буџет во износ од 28,6 милиони евра, со што влегува во историјата на Битола со најголем буџет досега,
но и со најлоша реализација на истиот.
-Прашав, што е она што како советник го напаѓавте буџетот како преамбициозен и предименизониран, а како градоначалник ве разубеди и предложивте уште поголем и тоа ни помалку ни повеќе во износ од 1.760.432.018 денари , со што влегувате во историјата на општината со најголем буџет. Но, истовремено, со оглед на досегашната реализација на истиот ќе влезите во историјата со најлоша реализација на истиот. Ќе испадни само една голема желботека, рече Николче Јанкуловски од ПОДЕМ.
Според него дека ништо значајно не се гради, сведочи и реализацијата на развојниот дел од буџетот.
-Тој го проектиравте на 2,5 милиони евра и истовремено се пофаливте дека бил најголем досега. Дали знаете во првата половина од 2018 колку е неговата реализација? Сте реализирале минорни 6,5% , 11 милиони денари или 179.000 евра од истиот, рече Јанкуловски .
Петровска,пак, рече дека во моментот во буџетот на Општина Битола има суфуцит од над 600 000 евра, и е во насока на стабилизирање на Општината.
-Позитивниот дел во аналитичкиот пристап на буџетот покажува дека имаме зголемување за 18 проценти на данокот на доход, којшто покажува дека расте бројот на вработеност во Битола. Повеќе од 16 проценти од лани има зголемување за уредување на земјиште, за комуналните давачки. Ова покажува дека во Битола во првата половина од годинава се гради повеќе за разлика од лани, кога некое друго владеачко мнозинство велеше дека за многу помали бројки имале градежна експанзија , рече Петровска .
Она што треба да се подобри во следниот период е наплатата на данокот на имот и фирмарините, за којшто има задолжено претставници од администрацијата за менување на целиот пристап. Петровска уште вели дека досегашната политика на продавање на градежни парцели и градежно земјиште ќе се менува со цел Општината да не се доведе до ситуација на тужби.
За расходите таа рече дека во однос на лани се намалени за 40 милиони денари. Договорните услуги се намалени за 50 проценти како трошоци , а за 30 проценти се намалени дневните и патните расходи, како и тековните расходи каде што беа скриените трошоци. За 10 милиони денари се намени разните трансфери кои не се знаеше каде завршуваат рече Петровска.