АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вандали ја срушиле оградата на дрвениот мост на реката Драгор кај населба „Кланица“, па успеале да ја уништат на неколку позиции од двете страни и да причинат значителна штета, која сериозно влијае врз безбедноста на минувачите. Граѓани од околните куќи, за Апла.мк, јавуваат дека денеска дрвените столбови се срушени до половина, од двете страни на оградата, и предупредуваат дека особено ќе биде ризично минувањето оваа вечер ако полицијата не преземе мерки на безбедност.
Не е првпат вандали да уништуваат урбана опрема и споменици низ паркови и на Шеталиштето, но да рушат огради од мостови, битолчани не паметат.
А.Блажевска