АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вандали ноќеска ги искршиле и откорнале младите засадени дрвца спроти стоковна куќа Јавор и објектот на Црвен Крст. Дрвцата дел се искршени , дел откорати, изгазена е тревата и уништена зелената површина наоколу. Битолчани кои денеска минуваа на ова место беа згрозени од сликата, особено што младите листопадни дрвја биле поседени пред три дена.
Насилници претходно ги уништија и откораа и младите садници на улицата „Солунска“ и тоа во три наврати. А уништуваа млади фиданки и на Градското шетлиште. За сега полицијата нема излезено информација за ниту еден откриен случај на вандализам во градот.
А.Б