2win800x200

5 години ЈП „Паркинзи“ Битола

Април 26, 2024
Со повеќе работни активности, јавното претпријатие за паркирање, го одбележува своето петгодишно работење. Денес, вработените во претпријатието, работеа на обележување на новоасфалтираната улица „Крушевска република“, каде извршија увид градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и директорот на ЈППЈЛП, Зоран Михајловски.
Градоначалникот и директорот разговараа и за резултатите од работењето на претпријатието кое во изминатите две години, одбележа значително унапредување на условите преку набавка на опрема и машина со која се осовременуваат услугите на претпријатието, а се зголемуваат и неговите приходи и ефективноста во работењето. Опремата за обележување на пешачките премини исто така ги подобрува можностите за работа, посебно во делот на зголемување на безбедност во сообраќајот.
Посебно за одбележување во работењето на Јавното претпријатие за паркирање е и минатогодишното активирање на новото вовче „Мечо“, како посебна атракција, прифатена со радост од најмладите.
438082405 466902129026007 3250904278941422218 n 800x533
Дополнително, во својата грижа за сите граѓани, Општина Битола, во соработка со претпријатието, неодамна ја заврши и постапката за реализација на одлуката донесена од општинскиот совет за обезбедување на 19 хуманитарни паркинг места за хуманитарни цели.
Со подобрување на хоризонталната и вертикалната сигнализација и зголемување на можностите за паркирање, јавното претпријатие „Паркинзи“ во соработка со општината, продолжува посветено да ги извршува своите работни обврски, во интерес на создавање подобри услови во градот.
438089442 466901985692688 3231124148711991382 n 800x533
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани