2win800x200

Емотивна средба на пензионирани наставници со ученици од ООУ „Коле Канински“ Битола

Мај 31, 2024

Под мотото „Под ѕвездите ги чуваме спомените“,  во ООУ„Коле Канински“ се одржа несекојдневна и емотивна средба на актерите - водители на свечената приредба по повод Денот на училиштето и пензионираните наставници од нашето училиште. Ликовите на пензионираните наставници беа претставени преку учениците водители од V-3 одделение. На оваа емотивна средба, наставниците: Горица Џима, Томислав Кнежевиќ и Љупка Чагорска споделија многу спомени, добри моменти поминати во училиштето, пред присутните ученици, враќајќи се на минатите времиња и нивните искуства во ООУ„Kоле Канински".

442481493 1135672057642378 3329449436770053281 n

На средбата беше присустна Гордана Такец, која е роднина на нашиот патрон Коле Канински. Таа сподели интересни факти за неговиот живот. Директорката на училиштето, Дијана Христовска, ѝ додели Благодарница на Гордана Такец за нејзината добра соработка со училиштето. Децата беа воодушевени од средбата, а гостите беа восхитени од приредбата и пречекот што им го приредија учениците со наставничките Лидија Павловска и Марија Пискачева. Оваа средба не само што ги поврза сегашните ученици со историјата на училиштето, туку и потсети на важноста на чувањето на спомените и почитувањето на оние што дале свој придонес во образованието.

441900960 427878100134402 5813543474869631080 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани