2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Наместо со екстерното да се занимаваа со здравиот оброк на учениците

Октомври 12, 2017

До пред неколку години власта на ВМРО-ДПМНЕ плаќаше големи суми пари за реклами за здрава храна, во која се готвеа намирници од таканаречениот шпајз на Македонија, а тогаш не беа одделени средства за здрав оброк на децата по школите. По единаесет години централна власт и дванаесет на локална, допрва ќе прават промени во исхраната по школите. Проблемот со нездава исхрана и гојазност кај децата не е нов, напротив за него здравствените работници алармираа сите изминати години..

Но, не беа преземени конкретни мерки. По школите продолжи нездравиот начин на исхрана, кифла за првооделенците и сув оброк во повеќето престои, другите ученици се хранеа со чоколада и чипси по околните продавници или брза храна во сендвичарите.

Вчера, четири дена пред избори, екс премиерот Груевски, а денес по него и кандидатот за градоначалник на Битола, Зоран Илиоски, најавија дека ќе воведат бесплатен и здрав оброк за учениците во школите.     

-Проектот е за бесплатен здрав оброк за сите деца од прво до петто одделение. Оброкот ќе биде направен согласно нутриционисти и прилагоден на нивната возраст. На овој начин ќе постигнеме два ефекта , прво заштеда за домашниот буџет на родителите околу 600 денари месечно и поважниот ефект, децата да добиваат здрава храна и да се научат на здрави навики за исхрана, бидејќи на овој начин ќе ја избегнат брзата храна која обично имаат навика да ја конзумираат- рече Илиоски.

Тој додаде дека парите за оброкот ќе ги субвенционира општината. Ова се ветува во ситуација кога досегашната општина предводена од ВМРО-ДПМНЕ не успеа го реши проблемот со блокираните сметки на школите. Половина од училиштата во градот се со блокирани сметки и должат за огрев, струја, вода и други двачки. Во вакви услови родителите плаќаат веќе со години за молерисување на училниците, хигиенски средства, обезбедување на школите, па дури и за ливчињата на кои се напечатени тестови. Долгот на училиштата се искачи на 1,7 милиони евра.

Со доаѓањето на новата локлна власт, таа ќе мора заедно со директорите на школите да изнајде начин за подмирување на наталожените долгови, како школите би продолжиле нормално да функционираат. Откако ќе се реши тоа, тогаш би било добро за во иднина да се размилува за отворање на школски кантини каде учениците би добиле здрав оброк. Но, по сите експерименти со екстерни тестирања, Кембрич програми, учебници кои не се прилагодени на наставата, со големи грешки, па и по случајот „Транспотер“ и блокираните сметки, ветувањата за здравата храна на неколку дена пред избори звучи како фикција.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани