АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во пожарот во трговскиот комплекс „БЛИС“ во Битола, гореше и изгоре само надворешната изолација, не доволивме да се прошири огнот внатре, вели вечерва во изјава за АПЛА.мк Горан Димкоски командир на Противпожарната единица од Битола. Според него пожарот избувнал кај 18 часот денеска и на терен интервенирале со 5 пожарникарски возила и со 25 пожарникари по што огнот е ставен под контрола околу 19 часот и 30 минути, но на местото на пожарот оставени се екипи да контролираат се до 23 и 30 минути.
-Запалена е изолацијата на едната страна од објектот, но не дозволивме да се прошири на другите делови од комплексот, ниту во вантрешноста. Помош имавме од работници кои беа на самото место, ни помогнаа со механизација, како и едно возило од РЕК “, Битола, вели командирот на ТППЕ Горан Димкоски за АПЛА.мк.
Причините за пожарот не се познати. А интервенцијата за пожарникарите беше тешка. Материјалната штета допрва ќе се проценува.
Анета Блажевска