2win800x200

Благојчо Ѓорѓиев собра најголема поддршка од публиката на „Трчај бе со Алпско“ во Битола

Септември 24, 2024

На „Трчај бе со Алпско“ во Битола на пет километарската патека, беше и Благојчо Ѓорѓиев од Кочани кој долги години живее во Битола  ја помина трката со својата инвалидска количка и собра најголема поддршка од публиката.

-Неговата мисија за градови во кои лицата со попреченост ќе можат слободно да се движат без препреки е значајна, а учеството на оваа трка од негова страна е повик за градот Битола да работи повеќе во таа насока., велат организаторите. 

На трка „Трчај бе со Алпско“ во Битола се одржа во неделата само ден по свеченото отворање на 45. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Кампањата за трката беше исполнета со креативност, носејќи го слоганот „Филм ми е да трчам“, кој одлично го поврза спортот со магијата на филмот што го слави фестивалот. Оваа синергија го направи настанот уште повпечатлив и привлечен за сите учесници и фанови. Со над 1.800 тркачи од 25 земји, натпреварувачите се соочија со трите категории – 5 км, 10 км и полумаратон (21.097 км), кој воедно беше и Национално првенство во полумаратон. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани