Тинејџер од Битола на 15 години, минатата недела го нашле предозиран со канабис во мал парк на улицата „Охридска“ во Битола, што кај него предизвикало труење на организамот. Предозираноста предизвикала труење кај младото момче што било причина за хоспитализирање.
Според СВР Битола, настанот се случил на 3 октомври пред полноќ, во 23.40 часот, а во полиција пријавил лекар на Итната медицинска помош откако по пријава отишле да дадат лекарска помош.
„Лекар од Итна медицинска помош Битола пријавил дека во парк на ул.„Охридска” во Битола бил пронајден 15 – годишник од Битола со знаци на труење. Малолетникот бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде било констатирано дека се работи за труење од наркотични средства. Известени се родителите и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, потврдија од СВР Битола за „АПЛА“.
Во изминатиот период бројни се објавите од СВР Битола за фатени дилери на дрога со марихуана и други наркотични средства, а последниот случај е потврда дека и малолетници имаат лесен пристап до дрога.
А.Блажевска