2win800x200

Нутриционист ги учеше најмладите како да се хранат здраво и како се меси леб на „Пазарот на локални производи“ во Битола

Октомври 20, 2018

Емилија Недановска, нутриционист,  ги учеше најмладите како да се хранат здраво и како се меси леб. Денеска, на третиот по ред  „Пазар на локални производи“ што се одржа во Новиот пазар во Битола,  повторно се собраа на едно место произведувачи на органска храна и потрошувачи кои сакаат да купуваат чисти  органско произведени земјоделски производи и здраво да се хранат.

 2

-Најбитното е да се едуцираат најмладите да се хранат со зеленчук и овошје, тоа е неопходно за  правилен раст и развој на децата. Од друга страна ги учиме како се подготвува лебот. Односно ги учиме децата на она што е наша филозофија, да се конзумира локална и здрава храна без пестициди, рече нутриционистот Недановска. 

Настанот беше  во организација на  „Слоу Фуд-Битола“  и  „Слоу Фуд-Македонија “ а  во соработка со „ЈП Пазари“-Битола . На него  учество зедоа петнаесеттина производители од Битола, Кочани, Ресен и други градови. 

-Овој проект е поддржан од Општина Битола и од ЈП „Пазари“-Битола, а   целата ни е во овој есенски период  да воспоставиме традиција на организирање на пазар на фармери.  Со досегашната соработка меѓу производителите и купувачите, гледаме тие не се познаваат доволно.  Едните се жалат дека немаат пласман на нивните призводи, а  конзументите генерално немаат пристап до поинаква храна од онаа што ја има во супермаркетите и затоа наша цел е да се промовираат  малите локални производители. Тука сме да ги споиме производителите и конзументите,  рече Николче Николовски претседател на Националниот одбор на  „Слоу Фуд-Македонија“.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани