АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Манастирскиот комплекс “Св .Петка“ во битолското село Цапари денеска ги отвори вратите за верниците за големиот верски празник „Петковден“.
Сместен во густатата букова шума на Баба Планина , овој манастир е една од омилените дестинации на битолчани во летниот период, како прибежиште од летните горештини во градот, но редовно е посетуван и на денешен ден каде голем дел од семејствата од селото го слават „Петковден“.
Според пишуваните извори се верува дека на ова место постоел манастир уште во 16 век, кој пак бил обновен во почетокот на 18 век. Денешната манастирска црква според натписот над западниот влез е изградена во 1849 година.
Црквата има форма на мала трикорабна базилика и е живописана од непознати мајстори.