2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Како што водите се вкрстуваат и мешаат во утробата на земјата, така и потегот на уметниците се меша на овие две колонии и заедничката енергија. Токму мисла на познатиот македонски рецитатор Антонио Павловски ја отсликува симболиката на збратимувањето на двете ликовни колонии „Де Ниро“ од Битола, која годинава се одржува во село Цапари и „Арт Поинт Гумно“ од Слоештица. Повелбите за збратимување беа потпишани деновиве во Цапари каде по 16 пат се одржува колонијата „Де Ниро“.

„Во моето сеќавање Слоештица како центар на уметноста за нашиот крај, ми носи мемориски сеќавања како село на вода. Не залудно човекот од Демир Хисар рекол дека Слоештица е нашата демирхисарска Венеција, каде што секоја куќа има своја река или поток. Исконски се имињата на нашите води. Блаже Конески вели дека етимологијата на Пелистер доаѓа од бели стени, а Цапарска Река извира од белите стени и заедно со нашата Црна Река го наоѓаат својот заеднички пат. Така и нашите имиња од под Црвиот Врв извира Бела Река која го храни селото Слоетштица, па се влева во Црна Река, па преку Вардар заедно завршуваат во Белото Море. Зарем не е тоа фантастична игра на зборовите како играта на потегот на четките на нашите уметници“, рече Павловски.

Повелбите за збратимување ги потпишаа Драги Филевски и Ирена Андреевска.слика

„Како сеќавање на тој свечен момент уметниците потпишаа или насликаа нешто, секој на по еден камен кој ќе остане во спомен на уметничкиот центар во Цапари“, рече Драги Филевски, организатор на колонијата „Де Ниро“.уметници

Колонијата „Арт Поинт Гумно“ е од Слоештица, родното село на Петре М. Андреевски, а збратимувањето на колониите се одржа токму на 14 годишнината од смртта на македонскиот великан на пишаниот збор. Со тоа се даде заедничка нишка на ликовната и пишаната уметност.

„Како што водите се поврзани во светот така и ние сме поврзани, двете колонии и долго време соработуваме, така што ова е само симболично поврзување и потпишување, официјално буквално ние сме како една колонија според соработката иако имаме независни политики“, рече Сергеј Андреевски од Арт Поинт Гумно.

Инаку колонијата „Де Ниро“ годинава се одржува во село Цапари каде семејството Филевски изгради уметнички центар токму за оваа намена.

„16 колонија по ред единствена е по неколку моменти, за првпат ја одржуваме заедно со уште една многу значајна колонија ‘Арт Поинт Гумно’ од Слоештица. За првпат е тоа што планираме да се вклопиме во светскиот процес на заштита на природната средина. Имаме и еко ден. За мене посебно важно што оваа година се одржува во амбиент во село Цапари , наменски објект единствен затоа што сум бил на педесетина други колонии во други земји, но никаде толку наменски објект не сум видел“, реќе Панде Петровски, координатор на колонијата.панде

Во село Цапари од 25 до 30 септември гостуваат уметниците: Елена Ѓоргиевска, Симонида Филипова Китановска , Жарко Башески, Стефан Малбашиќ, Сашо Н. Алушевски, Симона Мирчевска и Вацлав Лукич . Почесен гостин беше Беди Ибрахим.

На уметничкото гумно во с. Слоештица од 25 септември до 5 октомври гостуваат уметниците: Дијана Томиќ – Радевска, Пандора и Сашо Саздовски, Филип Велковски, Горан Ристовски и Кети Талевска.

16 Меѓународна ликовна колонија „Де Ниро“ започнува овој петок во 12:00 часот со збратимување на двете колонии, Ликовна колонија „Де Ниро“, с.Цапари, Битола и Меѓународен центар за уметност и одржлив развој „Арт Поинт-Гумно“, с.Слоештица, Демир Хисар. Збратимувањето и колонијата ќе се одржат во битолското село Цапари.

На настанот ќе присуствуваат ограничен број на луѓе, истиот е организиран според сите процедури и протоколи за заштита и спречување на ширењето на вирусот ковид-19.

Почнувајќи од 25-ти септември, паралелно, во целосна творечка изолација, во с. Слоештица, Демир Хисар, во „Арт Поинт – Гумно“ о во с. Цапари, Битола, на ликовната колонија „Де Ниро“, уметност ќе создаваат 15-тина реномирани македонски уметници. Паралелните ликовни колонии ќе започнат со заедничка свеченост на којашто со потпишување на Повелба за збратимување со што ќе биде официјализирана 15-годишната соработка на организациите.

Во село Цапари од 25 -30 септември ќе гостуваат уметниците: Елена Ѓоргиевска, Симонида Филипова Китановска , Жарко Башески, Стефан Малбашиќ, Сашо Н. Алушевски, Симона Мирчевска и Вацлав Лукич . Почесен гостин ќе биде Беди Ибрахим.

На уметничкото гумно во с. Слоештица од 25 септември до 5 октомври ќе гостуваат уметниците: Дијана Томиќ – Радевска, Пандора и Сашо Саздовски, Филип Велковски, Горан Ристовски и Кети Талевска.

Манастирскиот комплекс “Св .Петка“ во битолското село Цапари денеска ги отвори вратите за верниците за големиот верски празник „Петковден“.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани