2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Чиста како солза е победата на коалицијата „Живот за сите“, вели Валентин Груевски

Октомври 18, 2017

Постигнавме апсолутен рекорд по бројот на освоени гласови во плуралистичка Македонија, и за градоначалник и за советничка листа , рече Валентин Груевски , носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата, денеска на прес-конференција, заблагодарувајќи им се на граѓаните на Битола , за огромната поддршка на  локалните избори  во неделата.

-Победата на коалицијата „Живот за сите“ на локалните избори е величествена , над очекувањата, чиста како солза, победа на која не може да и се стави ни најмала забелешка-рече Груевски, кој ќе биде идниот претседател на Советот на Општина Битола.   

 

Според  анализите на изборите, од 170 избирачки места , СДСМ и коалицијата победи на 164 избирачки места , дури и онаму каде коалицијата никогаш не победувала.

-Вистината е дека победија граѓаните на Битола кои беа газени, понижувани, уценувани, и ограбени  во овие речиси 13 години, од една власт која  бездушно, неуко, диво, расипнички, и недомаќински владееше со Битола. Се надеваме дека во неделата политиките на досегашната власт , притисоците, уцените, заканите, стравот, заминаа на буништето на историјата- рече Груевски.

За новиот претседател на Советот на Општина Битола, довербата на граѓаните е и обврска да се решат наталожените проблеми во сите сфери и оние што се видливи со голо око и оние што допрва ќе се откриваат.  

-Одлуките што ќе ги носиме ќе бидат транспарентни и отчетни, во договор со граѓаните. Нема да водиме инает бидејќи не сме ни најпаметни, ни најдобри. Ќе слушаме се што ќе ни биде конструктивно предложено , а одлуките ќе ги носиме со заеднички договор- рече Груевски, ветувајќи дека Битола ќе се врати на нормалниот колосек на политиката и бизнисот. Тој им се заблагодари и на медиумите за коректното известување и следење на кампањата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани