2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Профитот не му беше приоритет, туку иднината на Битола, раскажува внукот за дедото Томе Делов

Ноември 27, 2018

Битола и хидро системот Стрежево беа неговиот живот, раскажува за Апла.мк младиот адвокат Томе Делов за неговиот сега покоен дедо, по кого ги доби и името и презимето. Постариот Томе Делов, битолчани го паметат како еден од најкреативните директори на Јавното претпријатие „Стрежево“ кое го водеше во периодот од 1980 до 1997 година, творец на хидро системот- браната и вештачкото езеро.

На вчерашната прослава по повод 40 годишнината од „Стрежево“, на поранешниот директор постхумно му беше доделена благодарница за големиот придонес што го дал за развојот на претпријатието. Благодарницата ја подигна неговиот внук Томе Делеов.46795025 1253956634808846 2426903246636318720 n

(од доделувањето на благодарниците по повод јубилејот на ЈП „Стрежево“)

„Уште кога бевме мали сакаше да ни покаже, да ни даде насоки како да се раководиме во нашиот понатамошен живот, зошто треба да бидеме успешни, зошто треба да целиме кон успехот, секогаш сакаше да ни даде идеја, насока која ќе не води понатаму низ животот без разлика на професијата. Нѐ учеше дека со упорност, со истрајност, со труд , со работа можеме да го постигнеме она што сме го зацртале“, раскажува внукот.

Директорот Делов внуците уште како деца ги носел да им ги покажува проектите што ги реалзирале во „Стрежево“. Тие биле мали за да разберат што точно се случува, но чувствувале дека се големи работи. Така, пред изграбата на браната, Битола била жедна за вода. Преку ден кога имало, кога не вода во градскиот водовод, па граѓаните полнеле шишиња, туби, а и на вечер течела, што би рекле битолчани, како под конец.стрежевско езеро

„Како мали нѐ носеше да ги гледаме неговите проекти и изданија што ги имаше направено не само за Стрежево туку и за генерациите што доаѓаа. Бевме сведоци како работи рибникот, хидроцентралата. Тогаш не бевме во можност да го разбериме сето тоа, сепак сакаше да ни го пренсе. Ни покажуваше како работи браната, нѐ носеше во печуркарникот, кој за жал подоцна престана со работа. Во рибникот ни покажуваше кои видови на риба ги произведува Стрежево, ги пласира на пазарот. Беше гоелма личност која целото свое знаење и енергија ни ги пренесуваше нас“, вели помладиот Томе Делов.

Од дедо му ја наследуил и љубовта кон планината.

„Ме носеше на скијачките терени во Ниже Поле, скијам од моите три години. Покрај мојот татко, учител ми беше и мојот дедо. Тој ми ја влеа љубовта кон планината. Постојано бевме присутни на прошетки за време на викендите до Копанки, до Ниже Поле. Целосно сакаше да ме насочи кон една вистинска патека во животот“, додада внукот.

Бил локал патриот, ја одбил и работата од Светска банка за да остани во Битола46786424 351131575691525 6113110781568483328 n

 

(Томе Делов, поранешен директор на ЈП „Стрежево“)

Томе Делов завршил Градежен факултет во Љубљана, прво работел во Општина Битола,потоа бил технички директор на Бетон, па потпретседател на Извршниот Совет во Општина Битола, па во Водостопанство Пелагонија, а од 1980 до 1997 година прв човек на хидро системот „Стрежево“. Имал многу понуди за работа, но бил голем локал патриот и никогаш не ја напуштил Битола и сѐ што направил било за битолчани да имаат подобар живот.

„Апсолутно беше локал патриот имаше добиено многу понуди за работа. Имаше добиено понуда и од Светска банка, но се откажа од сите нив за да се посвети на граѓаните, на Битола и да остави нешто за идните генерации. Не му беа прироитет профитот и заработувачката, туку приоритет му беше за идните генерации да остани нешто да живеат подобар живот и успеа во сето тоа“, вели внукот Томе Делов.

Ж. Здравковска

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани