2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Снегот исчистен од улиците од прв и втор приоритет , „Нискоградба„ на терен посипува сол и ризла

Јануари 03, 2019

Комплетната механизација на ЈП „Нискоградба„ со околу триесеттина вработени повеќе од  26 часа се на терен на расчистување на снегот од градските и приградските улици.

Според Методи Сијлановски, директор на ЈП „Нискоградба„ , досега сите улици од прв и втор  приоритет во Битола се исчистени, како и сите локални патишта во поранешните општини Бистрица и Цапари.Денеска од три часот рано утрово по улиците се фрлени 50 тони сол и 50 метри кубни ризла. Механизацијата е постојано на терен и во рамничарските села кои се дел од Општина Битола, но таму поради силниот ветер постојано има намети од снег, па ситуацијата се контролира од час во час, вели Силјановски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани