Webp.net gifmaker

„Илинденска“ годинава ја чека реконструкција

Јануари 17, 2019

Според развојниот буџет на Општина Битола, објавен на општинската интернет страница,  годинава се планира реконструкција на улицата „Илинденска“ во Битола. Во 2019 од буџетот за оваа намена се предвидени 18 милиони денари, а за 2020 година над 9,5 милиони денари..

 

Реконструкција на улицата требаше да започне уште минатата година кога беа одобрени средства од Министерството за транспорт во делот на канализација и водоводна инфраструктура, а Општината да  издвои средства за коловозот. Но, бидејќи во Министерството имаше ситуации на избор на ревидент на тендерски постапки кои завршија подоцна, тоа се имплицираше врз изведбените активности. Така, годинава се очекува да започне реконструкцијата на улицата, чии жители со години не паметат пообемен зафат.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани