2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Градоначалничката Петровска ја имаше првата официјална средба со словенечка делегација

Октомври 26, 2017

По повод 25 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Словенија, денеска, словенечка делегација предводена од Амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбец и министерот за Словенци во странство од Владата на Република Словенија, Горазд Жмавц беше во посета на општина Битола. Делегацијата и претставници на словенечкото здружение „Триглав“ од Битола, се сретна со градоначалничката Наташа Петровска, која е и првата официјална средба што се оствари откако Петровска ја презеде функцијата градоначалник.

-На средбата разговаравме за перспективите на нашата соработка. Согледваме дека има низа полиња за соработка на општина Битола со Република Словенија кои се однесуваат на образованието, културата, на целокупниот економски развој, на многу полиња кои што отораат перспектива за нашата општина. Оваа средба е само почеток на нешто што треба во иднина да продолжи како длабока соработка преку која ќе реализираме низа проекти и ќе овозможи зближување на двете земји, но и проекти кои ќе донесат благодет за двата народа, изјави по средбата градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска.

Амбасадорот Јазбец ја потенцираше поврзаноста на Република Словенија со Македонија, посебно со Битола, кој како што рече е конзулски град со дипломатска традиција.

-Поврзаностите помеѓу битола и Р.Словенија започнуваат од почетокот на претходниот век во 1913 година кога тогашниот љубљанскиот градоначалник го испратил својот пријател, професорот Јосип Скобернет во Битола да помогне во локланата управа во градот да се исправи на нозе. И ден денес во Битола опстојува куќата во која што престојувал професорот Скобернет која е под надзор на здружението за Словенечко-Македонско пријателство. Имаме во план повеќе стопански проекти заедно со претпријатија од Битола . Македонија и Словенија празнуваат 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи и оваа нашата посета претставува дел од тој јубилеј. Сакам да додадам дека Педагошкиот факултет од Битола соработува со Економско - педагошкиот факултет од Ново Место, изјави Милан Јазбец амбасадор на Р.Словенија во Македонија

Министерот Жмавц, најави повеќе активности во идниот период и можност за соработка на двете земји.

-Не поврзуваат културата, јазикот и идентитетот, а тоа отвора голема можност да словенечкото малцинство во Македонија и во Битола, да биде мост за понатамошна соработка помеѓу Р.Македонија и Р.Словенија. Тука не мислам само на културна соработка, туку и за стопански развој на двете држави и дека ќе ја искористиме таа можност да ги отвараме темите кои што пред се се за младите генерации, а тоа е соработка со училиштата и универзитетите, поврзување на тие универзитети со меѓународните, што претставува можност за тие млади луѓе да се образоваат таму и подоцна како стручни лица да се вратат во своите земји. За почеток можност за отварање на страт ап претпријатија , можност за тие млади генерација да се приклучат во истите. На еден начин дадов и гаранција дека во наредната година ќе организираме две работни средби , една на подрачјето на образованието и науката како и една регионална конференција на тема стопанство, изјави Гораст Жмавц, министер за Словенците во странство

slovenecka delegacija2

Амбасадорот Јазбец и министерот Жмавц, синоќа присуствуваа на свеченоста по повод 10 годишниот јубилеј од постоењето на словенечкото здружение „Триглав“ во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани