АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Фокусот за годинава на Министерството за труд и социјална политика во процесот на деинституционализација е забрзана динамика на излегување на децата од големите институции, особено на бебињата од „Мајчин дом“ – Битола.
Ова беше договорено на координативен состанок на кој беше презентиран планот за деинституционализација за следниот период. На состанокот присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, в.д. координаторот на агенциите на ОН и претставник на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс, како и претставници од европската делегација.
„Раното учење е најважно за понатамошниот развој на децата. Затоа, ќе направиме сѐ за што повеќе бебиња од институциите да заминат во згрижувачки семејства каде што ќе добијат топол дом, нега и љубов. Затоа, нашата цел како Влада што се грижи за секој во општеството годинава е ‘Мајчин дом’ целосно да се трансформира. Со заедничката кампања со УНИЦЕФ имаме создадено одлична база на над 100 згрижувачки семејства, кои ќе се грижат за децата и верувам дека и други семејства ќе го отворат својот дом“, рече министерката Царовска.
Претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс, истакна дека тие како партнери даваат силна и безрезервна поддршка на целиот процес на деинституционализација.