2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Интервју со Методија Илиевски, началник на ПЕ за земјоделство во Битола: „Отвораме дисперзирани канцеларии за земјоделците во Новаци и Могила“

Февруари 27, 2019

 

 

-Располага ли Подрачното одделение во Битола со доволен капацитет за да опслужи 5000 земјоделци Пелагонија?

Она на што го ставив акцентот кога дојдов на оваа позиција е да ги подобрам капацитетите на институцијата. Набавени се нови компјутери и ангажирани се неколку волонтери кои ќе помагаат што подобро да се опслужат 5000 земјоделци од овој крај. Интензивно работам на подобрување на условите за работа, со цел што повеќе да се подобрат услугите што им ги пружаме на земјоделците. Во моментот имаме 19 вработени, 1 раководител и 3 волонтери.

Канцелариите ќе го олеснат аплицирањето за субвенции

-Голем дел од земјоделците се од општините Новаци и Могила. Што преземате услугите да бидат подостапни за нив, а да не мора постојано да доаѓаат во Битола?

Значајно е тоа што ги подготвуваме дисперзираните канцеларии во Новаци и Могила. Подрачната единица на Министерството за земјоделство има овластувања за Битола, Новаци и Могила. Во овие простории во кацелриите во Битола, опслужуваме околу 5000 регистрирани земјоделци во овој регион. Како раководител сметам дека обемот на работа е многу голем, а просториите се многу мали за да можеме да дадема добра техничка поддршка за земјоделците. Во партенерство со општините Новаци и Могила ги подготвуваме канцелариите кои до 15 март ќе бидат отворени.

-Какви услуги ќе можат да добијат земјоделците во дисперзираните канцеларии?

Земјоделците во тие канцеларии нема да можат да ги обавуваат потребните административни обврски кои ги имаат, затоа што централата е тука во Битола, но најклучниот дел од процедурите за внес на субвенциите ќе можат да ги извршуваат во подрачните канцеларии во Новаци и Могила. Ова е нешто што претходно било најавувано, но претходните раководители не успеале да го реализираат. Вложив труд, пред сѐ од технички аспект, да ги подготвам тие канцеларии со поддршка на општините Новаци и Могила, но сметам дека многу ќе ја олеснеме работата на земјоделците. Во периодот кога се внесуваат субвенциите, во пролет и во есен, во полн ек се земјоделските активности, а тие треба да одделат ден, два или три да одат по шалтерите и да ги обават овие административни обврски. Сметаме дека со тоа што ќе можат најблиску до нив да ја извршат таа процедура, многу ќе ја олеснеме нивната работа.

                Исплатата на субвенциите да биде од година за година

-Како ќе тече исплатата на субвенциите со оглед на тоа дека влегуваме во изборен период?

Министерството за земјоделство заедно со Платежната агенција на почетокот на годината ги објавија програмите на каков начин ќе бидат исплатени субвенциите за 2018 година. Најава имаме од Платежната агенција дека исплатата на субвенциите ќе се одвива се до започнувањето на изборите. Во периодот кога ќе бидат изборите тогаш нема да има исплата, во согласност со законската регулатива.

-Има одредени групи на земјоделци кои се жалат дека не им се исплатени субвенции од лани. Кога ќе се воспостави ред на исплата година за година?

Има одредени групи на земјоделци на кои не им се исплатени субвенциите за 2016 и 2017 како и дел од отштетите, поради различни причини. Министерството вложува напори што побрзо да ги затвори тие наследени обврски од претходната власт, така што од следната година субвенциите да можат да бидат исплаќани редовно, година за година. Проблемите со кои се соочуваат земјоделците, Министерството ги решава во од, со тоа што носи итни мерки за надминување на штетите во делот на откупните цени, како што е на пример со преспанските овоштари.DSC 4190

                Ќе ја детектираме секоја педа слободно земјоделско земјиште

-Огласот за издавање под закуп на државно земјиште со површина до три хектари дали го постигна очекуваниот интерес кај земјоделците?

Земјоделците во изминатиот период имаа можност да аплицираат за слободно земјиште до три хектари. Повикот се однесуваше на секоја слободна државна парцела, а земјоделците имаа право самоиницијативно да апалицираат доколку тоа земјиште не подлежи на имотно правни обврски, ниту е под конецисија на физичко или правно лице. Во моментот тие апликации се разгледуваат, а некаде на крајот на март, очекуваме финална објава. Според информациите што ги имам, околу 700 апликации се пристигнати во Министерството за змејоделство.

-По кои критериуми ќе се врши распределбата на земјиштето?

Има повеќе критериуми како ќе се распрделува земјиштето, прво е цената, а потоа и културите кои ќе се садат. Предност имаа модерните култури, односно органското производство. Во оваа фаза не се знае колку земјоделци аплицирале за Битолскиот Регион, но после објавата ќе се знае колку апликанти од овој регион се стекнале со право за користење на земјиште по овој повик. Моја обврска во овој период е да ја детектирам секоја педа слободно земјиште за земјодлециите да добијат шанса на легален начин да ги добијат овие парцели и на легален начин да ги обработуваат. Оваа мерка за распределба на земјоделско земјиште до три хектари е добра, затоа што тешко е да се најде поголема површина која ќе биде слободна. Можеби има такви површини, но не се атрактивни.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани