2win800x200

Пајтонот со кој се возел Кемал Ататурк уште постои во Битола

Март 23, 2019

Пред околу 120 години го возел Кемал Ататурк низ битолските улици. Кон крајот на 19 век ги носел и беговите на пладневна прошетка низ Тумбе Кафе. На неговото црвено кадифе седнувале конзулите на една волта низ Широк Сокак. Тоа било славното минато на познатиот пајтон на Манди.

За волја на вистината, во турско време пајтонот го терел некој друг битолчанец, но името го наследил по Манди Робевски, последниот битолски пајтонџија. Манди повеќе од триесетина години не е на овој свет, но пајтонот како семејно наследство му го оставил на син му Димитар Робевски. Благодарение на семејната грижа до денес зачуван е овој значаен експонат за градската битолска историја и традиција.pajton 32

Со него патувале до Солун и Свети Наум

Приказната за историјата на пајтонот кој досега преживеал 150 лета ни ја раскажа синот на Манди, Димитар. Имавме среќа да го затекниме на одмор во Битола, дојден од Данска каде со семејството живее долги години. Седнавме во неговиот цветен двор од куќата, која исто така ја наследил од татко му. Во дворот беше паркиран славниот пајтон, а на фасадата од куќата има прикачено голема апликација како Манди го тера пајтонот..

-Татко ми на 19 година го презеде пајтонот од брат му. Тоа беше во далечната во 1926 година, а пред тоа работеше како кондураџија. Цели 60 години работеше со овој пајтон. Паметам дека со фамилијата во 1946 година отидовме во Свети Наум, јас тогаш бев 4 години. Татко ми до Солун имаше отидено со кирија, кирија ги викаше муштериите, беа тоа побогати трговци. Скопје имаше патувано, за Крушево и Прилеп да не зборуваме.Од околните села не остана ни едно каде што не одел- раксажува Димитар.

Со овој занает Манди храниел многу усти. Имал мајка и немажена сестра, жена три деца, а плус преку викенд на гости му доаѓале и роднините од семејството на сопругата. Сите возрасни од нив биле невработени, а тој ги хранл и облекувал. Успеал дури да заштеди, па купил две куќи и земја. Но, со пајтонот вртел дење ноќе носејќи патници.

-Пред социјализмот и по солободувањето немаше други превозни средства, ни такси. Со пајтоните се патуваше. Се возеа луѓето на свадбите, првичињата, докторите одеа на увид по куќите со пајтон, немаше брза помош. Од болница жени кога ќе се породеа се земаа со пајтон. Побогатите жени на бања одеа со пајтон. Чејз земаа со пајтон. Судиите одеа на увид на лице место дури до Демир Хисар со овој пајтон. Патници од железничка станица се чекаа со пајтон. Не е убаво да се спомне , но и кога ќе умреше човек од болнице со пајтон го земаа-вели помладиот Манди, кој името на татко му го наследи како надимак.

Заминал од филмот за да услужи муштерии

Пред Втората светска војна во Битола имало шеесетина пајтони, во социјализмот околу 40. Имале и свое место каде чекале муштерии. Било убава глетка да се видат наредени пајтони еден под друг од двете страни на речното корито на Драгорот. Но, во 60 те кроце-кроце возењето на луксузни коњски коли било прегазено од новите автомобили. Се појавиле првите такси, а пајтонџиите еден по еден ја предале битката. Манди кој работел се до 1978 година.pajton 2

-Во поранешна Југославија се снимаше филм за него насловен како “Последни фијакериста“. Снимаа на железничка станица , а се згоди во тој момент да слезат двјца од печалбари од Америка, овој кога ги видел заборавил дека снимаат филм, му ги чапнал куферите да ги носи на пајтонот. Филмаџиите почнале да му викаат „ чика Манди стани“ (чичко Манди застани)- раскажуваат од семејството.пппсддф

(Манди Робевски со семејството ) 

Откако запрел со пајтонџиството, по неколку години починал. Пред да умри на синот му оставил аманет да го чува пајтонот.

-Додека сум жив ќе го чувам пајтонот, не го давам во музеј. Кога не сум тука имам убава гаража и го ставам внатре. И мојата ќерка не сака да го дадеме, можеби таа ќе го наследи, можеби натаму интерес за чување ќе пројават внуците. Пајтонот е репариран, заменети му се некои делови, но кројот е зачуван ист - признава Димитар.

Ж.З.

Во рамка-Свадби има, но ги нема Шеќерот и Гулабот

Пајтонот некогаш ги возел агите и беговите, а денес вљубените парови на венчавка. Преку лето кога нашинците од странство доаѓаат во родниот крај, често го бараат пајтонот за свадбите.

-Во последниве две години поретко го возиме зашто умре коњот што го изјамувавме. А не можеш да изнајмиш било каков коњ, може не дај боже да се направи катастрофа. Ќе мора да најдеме нов коњ, а татко ми чуваше чифт коња, никогаш два серти, едниот помек ,а другиот серт. Едниот се викаше Шеќерот, а другиот и Гулабот- се присетува Робевски.pajton

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани