2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Кркардаш пак ќе раззелени (Фото Диоген Хаџи-Коста Милевски)

Ноември 17, 2019

Кркардаш повторно да раззелени. Ова е мотивот на иницијативата „Зелен Баир“ што ја покренаа битолчани за обнова на белодробното крило кое изгоре во пожарите пред 12 години. Десетици битолчани денес се качија на Кркардаш за да засадат дрвце. Меѓу нив и многу семејства со своите деца. Акцијата е во организација на Форум ЦСИД, а е поддржана и од УСАИД. 

акција 2

„Планирано е да се засадат најмалку сто зимзелени дрвца на локацијата кај Кркардаш. Во последните години често слушаме дека возухот е доста загаден и тоа нѐ мотивираше да направиме една ваква акција која е речиси премногу мала за проблемот што го имаме. Се надеваме дека ќе придонесиме да има подобрување и да се органзираат и други вакви акции. Мотивот ни е повторно да го направиме Кркардаш зелен. Порано ридот беше пошумен со дрвја зимзелени и и беше добро место каде што луѓето од целиот град доаѓаа за рекреација“, рече Мирко Наумовски, координатор на акцијата „Зелен Баир“.акција 3

акција 4

foto

акција 5

На ацијата се појави и градоначалничката Наташа Петровска која ја поддржа засадувајќи дрвце. Свој придонес даде и Јавното претпријатие „Комуналец“ обезбедувајќи стручна и професионална помош.акција 6

акција 7

Ридот на Кркардаш порано беше една од омилените рекреативни зони на битолчани. Беше покриен со густа борова и багремова шума, а денес е гола ледина. Иако и претходно имаше акции за пошумување на овој терен, не беа успешни зашто скоро и да нема лето кога не е завфатен од пожар.

Денес на акцијата дојдоа битолчани и од другите делови на Битола, но дел од баирчаните наместо на ридот останаа по домовите. Очигледно за некои полесно е да критикуваат на фејсбук дека воздухот е загаден, отколку да сторат нешто.

Викендов во Битола се одвива уште една акција на пошумување, во организација на Ротари клубот „Широк Сокак“ од Битола кои со стручна поддршка на ЈП „Македонски шуми“ ќе засадат 100 000 садници на повеќе локации низ Битола.

Добар дел од шумата што ја обиколува Битола изгоре во големите пожари во 2007 година. Појасите беа пошумувани во работнички акции за време на социјализмот, а придонесуваа за прочистување на воздухот во градот.акција 8

акција 9

акција 10

акција 11

акција 13

Текст Ж.Здравковска, фото Д.Хаџи-Коста Милевски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани