2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

73 години слободна Битола

Ноември 03, 2017

По капитулацијата на Бугарија, продолжувајќи ја борбата против германските единици што се повлекувале од Грција кон Албанја и Србија, борците на 49. дивизија на НОВ и ПО на Македонија, во чии рамки влегувале борците од Седмата битолска бригада, Битолско-преспанскиот партизански одред, а нешто подоцна и борците на Леринско-костурската бригада, уште позасиелно ги напаѓале германските колони и им нанесувале тешки загуби во луѓе и техника.

 

14907078 1228183290553416 1486302171885058064 n

Во текот на октомври 1944 година единиците од составот на Седмата бригада ги напаѓале германските моторизирани колони на патните правци Битола-Прилеп, Битола-Демир Хисар, Битола-Ресен, Битола-Охрид, а во борбите кај селата Лопатица и Тополчани, биле уништени повеќе непријателски камиони и повеќе стотици непријателски војници. Само кај Превалец, во ноќта меѓу 7 и 8 октомври биле убиени 160 непријателски војници. На 24 октомври, делови на Бригадата на секторот јужно од село Беранци воделе борби со војниците од германска моторизирана колона составена од 250 возила. Од друга страна кон 20 октомври 1944 г. Леринско-костурската бригада, по наредба на Штабот на 49. дивизија на НОВ и ПОМ, ги затворала патните правци Лерин-Битола и Меџитлија-Битола и во реонот на битолските села Породин, Кравари и Бистрица имала повеќе напади врз германските моторизирани колони кои се повлекувале од Грција.14956441 1228183283886750 1889735964113844053 n

Утрото на 4-ти ноември 1944 година, единиците од 49. дивизија на НОВ и ПО на Македонија, победоносно влегле во Битола (н.з. на чело со командантот Пецо Гудовски) каде биле со воодушевување пречекани од граѓаните. Во четиригодишната херојска Националноослободителна и антифашистичка војна на Македонија, граѓаните на Битола и Битолско дадоа значаен придонес, а околу 266 борци ги положија своите животи во нерамноправна борба со бугарските, италијанските и германските окупатори и нивните домашни слуги.

(Објававено од Александар Литовски, доктор по историја) 

Имале по дваесетина години и гинеле за слободата 

Восхит и пиетет и денес предизвикуваат народните херои и другите револуционери и првоборци од Битола кои ги дадоа младите животи за слободата во која денес живееме. Повеќето од нив имале во просек од 21  до 30 години и не се двоумеле да ги положат животите на браникот на татковината.  По повод празникот 4-ти Ноември, Денот на ослободувањето, ќе спомениме дел од нив и возраста на која починале, да ги потсетиме денешните млади со какви предизвици се соочувале нивните врсници пред седумдесетина години.

Стив Наумов  на 22 години

Естреја Овадија Мара  на 23 години

Вангел Тодоровски  на 22 години

Таки Даскало на 21 година

Трифун Пановски на 32 години

Коле Канински на 30 години

Тодор Ангелевски на 35 години

Елпида Караманди  на 22 години и други.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани