2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Прво го прогласија за кодош, па го наградија за животно дело

Ноември 05, 2017

Во 2013 година државата го прогласи за кодош, а откако Управниот суд го поништи решението на Комисијата за лустрација, претходната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ пред заминување, на професорот Трајко Огненовски, му ја додели највисоката општинска награда за животно дело „4 Ноември’.

Дали одлуката на претходниот Управен одбор за доделување на наградата беше лицемерна, дали ова беше обид за рехабилитација на Трајко Огненовски или нешто сосем трето, не успеавме да добиеме одговор од сега опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

За локалниот лидер на партијата, Борче Димитровски, многу поважно е, што на синиќешната свеченост за доделување на наградите, никој од новата локална власт не излегол да им ги врачи признанијата на добитницие.

-На прашањето дали е лицемерно да се додели или да не се додели награда на некој што е лустриран, јас би одговорил дека не станува збор за лустрацијата, туку за мене е крајно лицемерно е на признати награди од страна на новиот општиснки естаблишмент, тие луѓе да не се испочитуваат и наградите да не им се врачат, изјави Димитровски.

Претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски, вели дека според статутот, претседателот на Управниот одбор треба да ги  додели наградите, но мандатот на претходниот претседател е завршен, а нов УО не е формиран. Причината што Груевски не ги доделил наградите е од формален карактер.

-Нов Управен одбор на наградата 4 Ноемви не е формиран, а на Управниот одбор што одлучуваше за наградите, му заврши мандатот. Претходниот управен одбор одржа седница на 13 октормври и одлучи да му ги додели наградите на овие личности. Во новиот состав ние немаме Управен одбор, токму заради тоа немаше во кое својсво да ги доделам наградите. Требаше да излезам само за сликање, што според мене не беше во ред, рече за Апла. Мк, Валентин Груевски, претседател на Советот на општина Битола.

Градоначалничката Петровска, пак синоќа, во своето обраќање на свеченото доделување на наградите, им честиташе на добитниците.

- Во оваа прилика им честитам на сите добитници кои чисто, искрено, безрезервно, недвосмислено, својата енергија и умешност ги вложиле за доброто на Битола, битолчани и човештвото воопшто. И како што е библиски запишано, неуморувајте се од правење добро, така да се однесуваме. Она што е најважно во сите тие намери, тенденции, никогаш да не се заборави дека честа е поскапа од парите- рече Петровска.

Наградите на сите добитници им ги врачи шефот на протоколот во општина Битола, Ѓуро Илиќ.

Инаку, претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, односно Комисијата за лустрација,  предводена од Томе Аџиев, го лустираше професорот од Битола, Трајко Огненовски во 2013 година, затоа што, како што беше наведено во решението„ имал континуирана соработка со тајната полиција  под псевдонимот „Мисирков“.

Управниот суд лани го поништи решението за Огненовски, заедно со уште 20 други, по што неговото име беше отстрането од регистерот на лица прогласени за соработници со тајната полиција на веб страницата на Комисијата за верификација на фактите, каде фигурираше цели 3 години.

Управниот одбор за доделување на наградата, чиј претседател беше Силвана Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ, која беше и претседателка на Советот, на 13 октомври, два дена пред локалните избори, одлучи наградата за животно дело да му се додели токму на Огненовски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани