2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Сашо Коруновски е реизбран за ректор на Битолскиот универзитет

Мај 29, 2019

Досегашниот ректор Сашо Коруновски е реизбран на функцијата, што значи Битолскиот универзитет и во наредните три години ќе биде во негови раце. Ова се наофицијални првични резултати од гласањето Единствениот портивкандидат на Коруновски беше универзитетскиот  професор Тале Герамитчиоски, поранешен заменик министер за образование.

Гласањето на сите единици на УКЛО  беше спроведено денеска од 12 до 14 часот. Право на глас за избор на ректор имаат 270 членови на наставно – научните, научните и наставничките совети на единиците на Универзитетот. Денеска за избор на ректор гласале 259 членови, од кои за Коруновски  биле 136 гласови.

,,На избирачкиот список на Универзитетот се запишани 270 гласачи, гласале 259 членови. Герамитчиоски освои 111 гласови, а Коруновски 136 гласови. Пресметка на овие гласови согласно бројот на сенатори во Сенатот, со формулата добиени гласови по бројот на сенатори, Герамитчиоски има освоено 14, 437 поени а Коруновски 19, 563 поени. Според овие неофицијални податоци, Коруновски треба да биде идниот ректор", изјави професор д-р Мирослав Андоновски, претседател на Универизтетската изборна комисија.

Коруновски дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје, а потоа магистрирал и докторирал на историја на уметност и археологија на Универизтетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје. Бил професор и декан на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а предавал и на Архитектонскиот и на Филозофскиот факултет во Скопје. Член е на многу научни тела, автор на бројни научни трудови. Пред четири години беше избран за ректор на Битолскиот универзитет.

Ректор се избира од редот на редовните професори на слободни, непосредни и тајни избори од страна на членовите на наставно – научните, научните и наставничките совети на единиците, за време од три години, со право на уште еден избор.

Постапката за избор на Ректор беше во согласност со Законот за високото образование, Стаутот на Универзитетот и Упатството за постапката за избор на Ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Во 40-годишната историја на УКЛО-Битола, функцијата ректор ја вршеле Стеван Габер, Глигор Попоски, Даме Несторовски, Бранко Бунташески, Божидар Герамитчиоски, Тома Трајковски, Димко Кокароски, Софронија Миладиноски, Божидар Маслинков, Виолета Пановска-Бошкоска, Златко Жоглев и актуелниот ректор Сашо Коруновски.

Досега на Универзитетот биле избрани 12 ректори, а некои и по два мандата.  На „Св. Климент Охридски“ има 124 студиски програми, во учебната 2018/2019 има 5845 студенти, а од 1977 година до сега 33 394 дипломирани кадри. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани