2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Познати тројца кандидати за претседател на СДСМ во Битола

Мај 29, 2019

Златко Ќурчиевски, Панде Богоевски и Драган Крајовски, за апла.мк потврдија дека ќе поднесат кандидатури за претседател на општинската организација на СДСМ во Битола, откако партијата денеска го отвори повикот за самокандидирање на членовите на СДСМ за оваа функција

Златко Ќурчиевски, актуелен заменик директор за производство и в.д. директор на рудници во РЕК Битола, како и поранешен советник во општинскиот Совет, вели дека веќе донел  одлука за да се   кандидира.

-Ќе ја поднесам кандидатурата, а имам веќе подготвена програма, рече Ќурчиевски за апла.мк

Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец„ во Битола, вели дека  ја подготвува програмата, затоа што голем број негови сопартици, но и други битолчани го подржале за оваа партиска функција.

-Сериозно работам на подготовка на програмата и ќе поднесам кандидатура, рече Богоевски.

И Драган Крајовски, претседател на младите социјалдемократи во Битола и директор на битолскиот затвор , исто така, потврдува дека е заинтересиран за челната позиција на ОО на СДСМ во Битола

-Ќе поднесам кандидатура, ја подготвувам програмата и во следните денови ќе ја доставам до партијата, изјави Крајовски.

Меѓу имињата со кои што се шпекулира во јавноста дека се добро решение за оваа функција е и историчарот Александар Литовски, член на заедничката експертска Комисија меѓу Македонија и Бугарија,  поранешен директор на битолскиот Завод и Музеј и  член на претходниот состав на Извршниот одбор на СДСМ во Битола. 

Исто така, во јавноста се шпекулира и со други имиња на членови на СДСМ во Битола, но засега нема потврда дали тие ќе поднесат кандидатура за лидерското место во битолската општинска оргнанизација.

Во отворениот повик на СДСМ објавен денеска  се наведува дека кандидатите треба да ги исполнуваат критериумите од Правилникот за кандидирање и избор на претседател на општинската организација на СДСМ и тоа да уживаат висок авторитет, углед и доверба во нивната средина, да бидат доследни во остварувањето на политичките и програмските определби на СДСМ, да имаат јасна визија за идниот развој и делување на СДСМ на локално ниво, да поседуваат силни политички и организациски способности, да бидат членови на СДСМ во моментот на поднесување на кандидатурата итн.

Заинтерсираните кандидати програмите за работа треба да ги достават најдоцна до 5 јуни до претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Според објавениот роковник целата процедура треба да заврши до 16 јуни, кога ќе бидат именувани претседателите на општинските организации, по што ќе следат рокови за предлагање и избор на членови на  извршните и надзорните одбори на општинските организации, постапка која ќе заврши до 28 јуни.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на 23 мај ги развреши претседателите на сите 78 општински организации на партијата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани