АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Еден од најдобрите ракометари во Македонија, Филип Кузмановски, вечерва за време на својата роденденска прослава во ресторанот „Чифлик“ во Битола ја запроси својата девојка за жена. Тој пред своите блиски пријатели и соработници клекна на колена и со прстен во рацете ѝ предложи брак на неговата долгогодишна девојка Моника Игнова. Таа возбудена на предлогот одговори со „да“.
Инаку, Кузмановски играше за Пелистер, Металург и Еурофарм Работник , а следната година својата спортска кариера ја продолжува во Германија. Пред да замине таму, тој одлучи да се впушти и во брачните води.
Според Гол.мк Игнова е 25-годишната велешанка и прва братучетка на соиграчот на Филип од националниот тим, Дејан Манасков. Таа ги заврши додипломските студии на Правниот факултет во Скопје, а сега е на мастер студии на истиот факултет.
Кузмановски денес слави 23 години.
Фотографијата Апла.мк ја позајми од фејсбук профилот на советникот Методија Илиевски од Битола, кој е присутен на забавата и им ги честите овие среќни мигови на неговиот пријател Филип и неговата избраничка.